Ловочуварите на Ниџе фатиле Грци криволовци

 

СВР Битола поднесе кривична пријава против грчките државјани П.Г.(54), Х.М.(48) и П.Г.(27), за сторени кривични дела „недозволено преминување на државната граница“ и „незаконит лов“.

Во петокот, на местото познато како „Ниска пресека“ во непосредна близина на македонско-грчката граница, од страна на ловочуварската служба на ловиштето „Ниџе“, беше фатена група од тројца ловокрадци, граѓани на Република Грција.

Лицата, неовластено ја поминале државната граница со оружје и без дозвола за лов, ловеле на територија на концесионерот неколку километри од границата. Ловочуварската служба на ловиштето „Ниџе“ многу совесно и професионално ја заврши нивната основна задача, го одзеде оружјето, ловната опрема и кучињата и ги предаде ловокрадците на МВР Битола, каде по скратена постапка согласно Законските норми инспекторите и истражниот судија извршија истрага – изјави Даниел Воиновски, Управител на концесионерот „Еуроимпекс“.

По завршување на постапката, од страна на Судот изречена е парична казна во висина од 1.000 € поединечно за секое лице. Одземени им се оружјето, ловните средства и кучињата, исто така изречена е и забрана за влез во Македонија по што криволовците се депортирани во Грција.

Во ловиштето „Ниџе“ може да се лови во оградена и на отворена површина. Во отворениот простор може да се лови дивата свиња и срнечкиот дивеч во Законски определениот период и ловниот календар.

Изграден е модерен репроцентар со цела инфраструктура на површина од 250 ha и ловечка куќа за сместување на гостите. Репроцентарот располага со преку 400 единки од видовите: елени лопатари, горски елени, берберски овци, диви свињи, срни и муфлони. За заштита на дивечот формирана е професионална ловочуварска служба, опремена по сите стандарди.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You cannot copy content of this page