Средба во НП Маврово за проблеми со мечките

 

Во Маврови Анови по иницијатива на ЈУНП “Маврово” се одржа средба со претставниците на месните заедници од општина Маврово и Ростуше, претставници на МЗШВ, МЖСПП, градоначалникот и претставници на советот на општина Маврово и Ростуше, претставници на МВР, ЈПКД Маврово како и пратеничката во собранието на Р.С. Македонија г-ѓа Белкиса Зекири.

Главната причина за организација на средбата беше актуелниот проблем со сѐ почестата појава на кафеавата мечка во населените места и последните пријавени случаи на влегување на мечката во приватни куќи и дворови на жителите на општината. На средбата свои излагања имаа претставниците на сите институции а за своите проблеми зборуваа и претседателите и членовите на месните заедници од општината.

Во обемната дискусија се потврди дека е евидентна пренаможеност на кафеавата мечка како на територија на паркот така и на целиот потег на Шар Планина, и ова станува се поголем проблем за населението. Беше изнесен податок дека на територија на НП Маврово би требало да има 70-тина мечки но во моментов врз основа на постоечките неофицијални податоците се проценува дека таа бројка е далеку поголема и изнесува од 130 до 160 единки.

Претставниците на министерствата ја потенцираа потребата од почитување на постоечките закони како и обврските кои институциите ги имаат превземено согласно европските законски регулативи, и притоа се согласија дека состојбата мора да се третира и многу брзо да се дејствува преку носење на нови законски решенија, изготвување на акционен план и итно спроведување на дополнителни мерки за заштита и превенција кои ќе ја намалат опасноста по животот на луѓето.

Откако се утврди дека повеќе од неопходно е брзо дејствување и изнаоѓање на конкретни законски решенија во случај на појава т.е навлегување на диви животни во населените места, и притоа беше констатирано дека оваа постапка иако е веќе отпочната, може да трае од 1 до 2 месеци, се донесе заклучок со кој се повикуваат советниците на општина Маврово и Ростуше во најкраток можен рок да организираат вонредна седница на собранието на општината.

Советот на општината од страна на Владатата на Р.С.Македонија т.е повиканите надлежни институции ќе побара прогласување на КРИЗНА СОСТОЈБА на територија на општината. Кризната состојба ќе се побара со цел превземање на дополнителни мерки за заштита на населението, заштита на животот и имотот а со тоа и обезбедување на уставно загарантираното право на секој граѓанин за безбедно, слободно и непречено движење и живеење на територија на целата држава.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You cannot copy content of this page