Кај село Бродец на Шар Планина мечка скока во река Пена за да го спаси мечето од брзите води на реката
Последните анализи за бројноста на мечката во Македонија укажуваат дека нијзината бројност е во постојан пораст. Поради тоа се почести се контактите на луѓето се мечки, кои во потрага по храна се почесто се приближуваат и до населените места.
Мечките кои живеат на територија на Македонија се мирни и избегнуваат контакти со луѓето, но доколку нивните младенчња се најдат во опасност, тогаш несебично ги бранат.
За се почестите приближувања до населените места и големата пожртвованост на мечката кога мечињата се во опасност, сведочи и неодамнештана случка која се слушу на Шар Планиина во близина на село Бродец. На Фејсбук страниата од село Бродец се појави снимка на која се гледа како мечка бара мече во брзите води на река Пена.
Локацијата е на само стотина метри од шарпланинското село Бродец по течението на река Пена. Мечката најпрвин во потрага по мечето ја преминува реката од едната, а потоа и од другата страна. За околу една минута се појавува мечето кое го носи брзата вода, а мечката скока по него во обид да го спаси. Реката ги носи по надолу по течението, но од густата шума не може да се види каков е исходот.
Во меѓувреме додека трае оваа „спасувачка мисија“ се појавува уште едно мече долж реката кое ја следи случката, а постојано се слушаат и мечкини завивања.
Жители на село Бродец ни посведочија дека мечката со мали мечиња постојано го „посетува селото“ и се доближува на десетина метри до првите куќи, најверојатно во потрага по храна.