Македонското еколошко друштво (МЕД), кое има долгогодишно искуство со заштитата на балканскиот рис преку Програмата за закрепнување на балканскиот рис, организираше студиска посета во Словенија со фокус на мониторинг и управување со рисот. Целта на оваа посета беше запознавање со словенечките, а воедно е Европските искуства во оваа област, што како кандидат за членство во ЕУ би било од полза за нашата држава за имплементирање на таквите принципи и начин на работа. На преставниците од Министерството за животна средина сектор природа, Министрството за земјоделство, шумарство и водостопанство сектор шумарство и ловство, ЈП „Национални шуми“ и НП „Маврово“ беа запознаени со словенечките, а воедно е Европските искуства во оваа област, што како кандидат за членство во ЕУ би било од полза за нашата држава за имплементирање на таквите принципи и начин на работа.
Домаќин на оваа студиска посета беше Заводот за шуми на Словенија (Zavod za Gozdove Slovenije), кој е јавна институција основана од Република Словенија, за извршување јавна шумска служба во сите словенечки шуми.
Заводот за шуми моќна институција во Словенија, поради што е битен партнер во проектот LIFE Lynx чија цел е да се спасување на динарската и југоисточноалпската популација на карпатски рис. Во рамките на посетата беше преставена имплементација на проектот LIFE Lynx, како и состојбите со крупните месојади, односно мечката и волкот.
Навистина е импресивна посветеноста на вклучените во проектните активности во Словенија, кои не само што со низа мерки се на добар пат во целост да ги остварат поставените цели од проектот, туку од сето тоа создале и едукативно-туристичка програма која одлично се вклопува во изобилството на туристички понуди во државата. Со тоа не само што се збогатуваат содржините за развој на руралните области, туку и се создава висока свест во општеството за значењето на крупните месојади за одржување на биолошката рамнотежа во природата.
Накратко за проектот LIFE Lynx
Најважната цел на проектот LIFE Lynx е спасување на динарската и југоисточноалпската популација на карпатски рис, што ќе се постигне преку низа комплексни активности од различни области на управување со рисот. На овој начин се настојуват да се обезбедат комплентни и одржливи решенија за сите фактори кои ја загрозуваат неговата популација.
Популацијата на рисот што Словенија ја дели со соседните земји е исклучително мала и загрозена. Причината за тоа е нестабилноста која е карактеристика на секоја мала популација, чиј единствен спас е внесувањето на „свежи“ гени од друга, стабилна популација. Напорите за запирање на процесот на исчезнување на популацијата на рисот во Словенија, Хрватска и Италија, преку проектот LIFE Lynx се насочени кон населување на рисови од Словачка и Романија.
Во Словенија, најпрвин рисот се чува приближно 3 недели во ограден аклимационен простор, каде за него се грижат и локални ловџии кои редовно го хранат. На овој начин се намалува можноста рисот да ја напушти локацијата на ослободување, бидејќи периодот поминат во оградениот простор ќе му помогне да се аклиматизира и да му даде чувство на сигурност во новата средина.
Успехот на населувањето ќе се следи со научни истражувања, кои ќе вклучуваат следење на населените животни и нивните потомци со помош на автоматски фотозамки и GPS околувратници, како и бројни генетски и еколошки анализи. Земјите вклучени во проектот ќе го координираат и унапредуваат управувањето со овој загрозен вид, а ќе се подготват и стратешки документи кои ќе обезбедат долгорочна соработка во оваа област.
Проектот LIFE Lynx во најголем дел е финансиран од Европската Унија, во рамките на LIFE програмата, а во Словенија е кофинансиран од Министерството за природни ресурси и просторно планирање. Водечки партнер на проектот е Заводот за шуми на Словенија, додека словенечки партнери се Ловечкиот сојуз на Словенија, Универзитетот во Љубљана и Институтот за заштита на природата на Република Словенија.
Проектот LIFE Lynx ги надградува резултати од претходните исто така многу важни проекти DinaRis и на проектот ULyCA (Итна акција за зачувување на рисот – репопулација на рисот во италијанскиот регион Фриули Венеција Џулија).
Јавни личности амбасадори на проектот
Вклучените во проектот со гордост ја потенцираат и подршката на јавноста за напорите да се сочува алпскиот рис од исчезнување на тие простори. Особено се горди на подршката на јавните личности, како што се најпопуларните словенски спортисти, писатели и сл. Тие во својство на амбасадори на проектот имаат големо влијание за популаризирање на проектните активности и зголемување на јавната свест за спасување на загрозените видови од исчезнување.
Анже Копитар Капитен на НХЛ хокејскиот тим ЛА Кингс
Рисот како инспирација за книга за млади
Приказните за имигрантскиот рис ја инспирираа и една од најпознатите словенечки писателки и амбасадорка да ја напише книгата Храбар Макс, во која на младите читатели им ги презентира предизвиците и радостите на животот на рисот Деса Мак. Главниот лик е рисот Макс, кој во потрага по слободна територија и женки минува големо растојание и повторно се враќа назад, со што покажа какви далечини може да помине еден рис.
„Навистина ме интересира како функционира природата. Колку повеќе навлегувам во животните, толку повеќе сум запрепастена. Има голема мудрост и извонредна јасност во нивниот начин на постоење. Би сакала да пишувам само такви книги кои би ги научиле младите читатели да ја сакаат и почитуваат природата. Навистина уживав во проучувањето на рисовите и сочувствував со нивниот начин на перцепција на животот заснован на неверојатната, но вистинита приказна за рисот Макс. Се надевам дека успеав“, резимира писателот.
Историја на рисот во Словенија
На почетокот на 20 век, поради прекумерен лов, рисот изумрел од поголемиот дел од Европа, вклучително и Словенија и соседните земји. Како одговор на ваквата ситуација, ловџиите од Словенија организирале населување на рисови во 1973 година, а шест животни фатени во Словачка биле пуштени во ловиштето Медвед кај Кочевје. Сите три населени женки веќе во првата година имале младенчиња, популацијата рапидно растела и за неколку години рисовите од Словенија се прошириле во Хрватска, Босна и Херцеговина, Австрија и Италија. Но, од 1990-тите, ловџиите забележуваат се помал број на рисови секоја година и постојано намалување на неговата популација. Како најважната причина за постепеното исчезнување на рисот е наведено парење во сродство, бидејќи речиси 45 години потомците на шест животни се пареле исклучиво меѓусебно.
Во моментов нема доволно научни податоци врз основа на кои може да се направи сигурна проценка на бројот, додека последната официјална проценка од Планот за управување со рисот од 2010 година проценува 40-60 единки со тренд на опаѓање. Научните истражувања покажуваат дека рисовите повторно ќе изумрат доколку не се населат нови единки кои ќе ја зголемат генетската разновидност на популацијата.
Од таа причина засегнатите држави го започнуваат проектот LIFE Lynx финансиран во најголем дел со средства од Програмата LIFE+. Благодарение на проектот во Словенија и Хрватска се веќе успешно населени и аклиматизирани 17 рисови, со помош на кои треба да се овозможи освежување на генетскиот материјал на алпскиот рис, со единки населени од пределот на Карпатите.
Цели на проектот LIFE Lynx
- Главната цел на проектот е спасување на динарската и југоисточноалпската популација на карпатски рис преку збогатување на генетскиот фонд и со тоа директно да се зголеми веројатноста за опстанок на популацијата.
- Изработката на упатства за управување со рисот ќе се одвива во соработка со неколку земји кои ја делат популацијата на рисот со цел да се развие стандардизиран и прилагоден пристап кон управувањето со популацијата зајакната со нови единки.
- Воведувањето на нови единки кое ќе се изврши со поддршка на учесници од различни сектори со цел да се сензибилизира пошироката јавност. Тесна соработка со партнерите на локално и национално ниво, формирајќи односи за долгорочна соработка и одржувајќи ја јавната поддршка со редовни извештаи за напредокот на проектот.
- Развивање на научно засновани модели за стратешко планирање и поддршка при носење на одлуки. За да се обезбеди стабилност на популацијата на рисот, ќе се користат компјутерски модели базирани на податоци собрани како дел од проектот, а со цел да се развијат јасни упатства за генетско и демографско предвидување на развојот на популацијата. Овие цели се директно поврзани со Бернската конвенција, Анекс II од Стратегијата на ЕУ за биолошка разновидност 2020 година и Директивата на ЕУ за живеалишта.
- Подобра поврзаност на популациите и со тоа зголемување на веројатноста за природен проток на гени преку формирање на поврзувачка популација на запад од сегашната динарска популација, со што ќе се доближи до алпската популација. Таквата метапопулација на рисот ќе има позитивен ефект врз проблемот со фрагментација на живеалиштата.
Ловџиите значаен партнер
Ваквите финансиски инструменти на Европската Унија и за проекти поврзани со заштита на разни видови дивеч, може да бидат убава можност за Ловечката Федерација на Македонија и за Ловечките друштва, особено во пограничните делови од нашата држава кои граничат со држави членки на Европската Унија. Тие во соработка со слични сојузи од тие соседни држави, ловечки друштва или невладини организации, на партнерска основа може да аплицираат или да се вклучат во некој проектот со кој може да продонесат за остварување на целите од овој или сличен финансиски инструмент на Европската Унија.
Ловџиите се значаен сегмент од секое општество и со своето искуство и познавање на дивот животински свет може да дадат голем придонес за негово зачувување и унапредување. Тоа значење на ловџиите го препознаваат и државите од Европската Унија и затоа се значаен партнер во проектот LIFE Lynx е спасување на динарската и југоисточноалпската популација на карпатски рис.
Програмата LIFE+
Програмата LIFE+ е финансиски инструмент на Европската Унија и единствената програма исклучиво посветена на животната средина, зачувувањето на природата и климатските промени. Оваа програма обезбедува поддршка на европските непрофитни субјекти преку оперативни грантови.
Програмата е катализатор за промовирање на интеграцијата и имплементацијата на еколошките и климатските цели во другите политики и практики на земјите-членки на Унијата. Програмата LIFE е основана во 1992 година и до денес се завршени четири фази. За финансискиот период од 2021 до 2027 година, програмата има на располагање 5,43 милијарди евра за заштита на животната средина и ублажување влијанието на климатските промени.
С. Македонија бидејќи не е членка на Европската Унија не може директно да пристапи до фондовите од оваа програма. Сепак во соработка со некоја од соседните држави кои се веќе членки на Унијата преку заедничко учество во некој проект кој е во согласност со под-програмите на LIFE+ може да има пристап до овие средства и да придонесе за остварување на целите за кои е формирана програмата.
Под-програми на LIFE+ се:
- Природа и биодиверзитет;
- Кружна (рециклирачка) економија и квалитет на живот;
- Ублажување на климатските промени и адаптација;
- Транзиција кон на чиста извори на енергија.
Со програмата LIFE+ целта е да се даде придонес за:
- Зачувување и обновување на екосистемот и биодиверзитетот;
- Амбиција за нула загадување за животна средина без токсични материи;
- Мобилизирање на индустријата за чиста и рециклирачка економија;
- Зголемување на климатските амбиции на ЕУ за 2030 и 2050 година;
- Обезбедување чиста енергија;
- Обнова на енергетски и ефикасен начин со помала употреба на ресирси.
Превземено од sumarite.com