Заштита на дивечот и птиците при косење

 

Внимателно при косењето трева, можеби има дивеч

 

Тревата е живеалиште за различни видови диви животни, птици, глодари и инсекти. Мали срнчиња, зајачиња, гнезда од полски еребици и други диви животни често првите недели од животот ги поминуваат скриени во високите зелени треви. Но во време кога се коси тревата, младиот дивеч обично не бега туку останува мирно да лежи во тревата со надеж дека нема да биде забележан и чекајќи опасноста да помине.

Ова е сериозен проблем во ловството, бидејќи секоја година многу младенчиња страдаат при ваквите полски активности. Покрај тоа, не сакаме да имаме трупови на животни во волуминозната добиточната храна, бидејќи тоа може да биде поврзано со ризикот од развој на болести на домашните животни.

Затоа, при косење, мора да се грижиме за безбедноста на овие животни што е можно повеќе.

Овој проблемот на несакани губитоци на дивечот во високата трева може да се реши со заемна соработка меѓу ловџиите и земјоделците, бидејќи од големо значење е познавањето на теренот на ловиштето, биологијата на дивечот, како и неговите навики на тоа ловно подрачје.

 

Практични совети

Од голема помош при извршување на активностите поврзани со косењето на тревата во ловиштата се следниве практични совети:

  • Поставување плашила со сина или со црна боја на ливадите. Најдобро е тие да се поставуваат најмногу два дена пред косењето, бидејќи ако стојат подолго време дивечот ќе се навикне на нив и нема повеќе да се плаши.
  • Користење звучни направи. Ноќ пред косењето тие се оставаат на ливадите, бидејќи со својот звук го вознемируваат и бркаат младиот дивеч.
  • Разни трепкачки светилки и мирисливи репеленти. Тие можат да го вознемират дивечот и да го натераат да го напушти подрачјето на кое се планирани активности за косење.
  • Пребарување и истерување на дивечот со помош на тренирани ловџиски кучиња.
  • Употреба на разни апарати алармни уреди (синџири, конзерви…) за создавање галама, со тоа ќе се вознемират шумските животни. Тие најчесто се прицврстуваат на машините со кои се коси тревата или на некое превозно средство кое ќе го обиколи теренот пред косењето.
  • Инфрацрвените детектори, кои реагираат на топлината на животните и автоматски ќе ја сопрат работата на косилките, со што младиот дивеч ќе има доволно време да побегне.

 

Правилна насока на косење

Заради безбедност на животните на тревните површини, потребно е косењето на ливадите да го изведуваме со правилната насока на косење, што ќе им овозможи на животните да избегаат од тревата. Затоа потребно е да косиме од средината на ливадата кон работ, а не од работ кон средината.

nasoka kosenje divec

На поголеми површини најпрво треба да се искосат двете надолжни ленти на теренот по работ, а потоа да се започне со косење од внатрешната страна на ливадата кон надвор.

Кај ливадите кои се наоѓаат покрај патиштата, тие треба да се косат паралелно со патот и во насока од патот, за да не се истераат дивечот и други животни на патот.

 

Не го допирајте младиот дивеч со раце

Доколку при косењето се пронајдат некоја срничка или млад зајак, потребно веднаш да се пренесе на најблиската парцела каде што неговата мајка ќе го пронајде.

Младиот дивеч не смее во никој случај да се допира со раце.

Srna kosenje

Ако мајката го осети мирисот на човекот, постои голема веројатност таа да го напушти и тоа да умре. Затоа потребно е тоа да се направи со користење ракавици и поголемо парче трева и да избегне допир на младиот дивеч со кожата на човекот.

 

Косење трева во заштитени подрачја

Во заштитените подрачја и подрачјата вклучени во програмата Натура 2000, со цел да се зачуваат одредени загрозени видови животни пропишани се посебни правила за косење.

Тоа се однесува првенствено за косење во периодот по гнездење на повеќето птици и косење со растојание од почвата од најмалку 10-15 cm. Со повисокото косење се штитат помалите животни во тревата и инсектите кои можат да се сокријат во земјата.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You cannot copy content of this page