Најпознатите Велешки Ловци

 

Изградбата на железничката пруга Скопје – Солун во многу помогнала за поврзување на Велес со Европа, за брзиот развој, економски и трговски, што како придобивка ја донеле индустријализацијата и секако развојот на културата и на спортот. Она по што се вбројува Велес, меѓу првите градови во Македонија, е секако и формираното ловечко друштво.

Иако, тогашните власти не дозволувале официјално да биде формирано, вљубениците во овој спорт оделе на лов во повеќе самоорганизирани групи. Подоцна од нив не едно туку биле формирани неколку ловечки друштва.

Најпознатите Велешки Ловци

Први ловци во Велес биле најимотните граѓани и нивните синови како и на далеку познатите мајстори за поправка на пиштоли и бушки Онче Бунов  семејството на мајсторчињата, Мајсторови како и семејството Ружинови. Откако тие го „пробиле мразот“ бројот на ловџии постојано се зголемувал. Попуштил отпорот на бугарските власти за добивање на дозволите за купување на ловечки пушки за подоцна да ја прифатат и српските власти. Се разбира, тоа право го уживале „доверливите“ велешани, зашто секој неможел да биде ловџија.

За време на СХС во Велес имало дваесетина ловџии. По доаѓањето на Бугарите, за време на Втората Светска војна , ловот бил забранет и бил ставен во мирување.

Најголем број на ловџии во Велес имало по 1948 година кога е формирано првото ловно друштво „Голак“. Него го формирале ловџиите Цанде Андреев, Димко Димов, Цапе, Лазо Белештевецот, Илија, Трајко жолтиот,Атанас Огненов,Петре Перков, Трајко Панов, Живко Дрзмар, Владо Дрзмар, Диме Трајков и Дико Димов. По шеесетите години на минатиот век, штом завршила постапката на припојување на ловните друштва од Извор, Чашка и Богомила, името со кое е регистрирано друштвото е „Руен“. Според искажувања на ловците , тие сами ги изградиле првите простории на друштвото на локација што била користена за гасење на вар во градот. Станува збор за подрумскиот дел на сегашниот Ликовен градски салон каде друштвото и денес се наоѓа и функционира со над 800 членови.

Најпознатите Велешки Ловци

Инаку во старите ловџиски семејства во градот се вбројуваат и Р`жарови а меѓу нив најпознат бил Кочо Р`жар. Кај Мајсторови тоа се Илија, Круме и Страшо а од семејството Јанчеви, Ѓоре и Богдан додека од Мирови, Таско и Борис. Вредно е да забележиме дека според постигнати резултати во овој спорт се евидентирани и имињата на Стеван Мачкарот, Тодор Брзаков, Андо огледалџијата и Трајко Дуби. Во Велес често се користат прекари до имињата на граѓаните па затоа и во текстов при објаснувањето повеќето ловџии се напишани со нивните прекари.

Познати ловџии во градот но и пошироко, исто така, биле Јовче Аликара, Марко терзијата, Тоде „Фала Богу“, Трајко Карата, Браќата Желчеви, Страшо Аџи Тонев, Трајко Гулата, Борис Алчев, Саво Јанѕето, Ѓошо Чингарот, Димче Базев , Борис Јолдаш, Душан Наумов и Панче Божинов.

Најпознатите Велешки Ловци

Според кажувањата на ловџијата Коце Шојлев, син на Трајко Дуби, прв претседател на друштвото бил Тоде Брзаков. Тој и тогашното раководство биле особено заслужни за развојот како на ловното друштво „Руен“ така и за развојот на ловството во регионот, во приодот од 1948 до 1957 година.

 

Стоилко Андреевски

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You cannot copy content of this page