Месо од дивеч

 

Гледано низ историјата на човештвото, дивечот многу повеќе се подготвувал кај оние народи кои со исхраната биле поврзани со ловот.

 

Месо од дивеч

 

Опис и потекло    

Според Законот за ловство дефиницијата за ловот гласи: “дивеч се одредени видови на животни и птици кои живеат слободно во природата или во оградени површини во кои интензивно се одгледуваат, размножуваат, заштитуваат и ловат”. Дивечот се дели на крупен и ситен. Во крупниот дивеч ги вбројуваме еленот, срната, дивокозата, муфлонот, дивата свиња и мечката. Ситен дивеч се куната, ласицата, зајакот, фазанот, еребиците, препелиците, шљуките, дивите гулаби, гуските, патките и поголем број на други видови.

 Месото од дивечот поради тоа што не консумира концетрати за исхрана и поради тоа што постојано е во движење има многу ниско учество на маснотии, а со тоа и помала калориска вредност.

Фазанот е со големина на кокошка и тој е со подолг опаш кај двата пола. По надворешниот изглед, односно по бојата на пердувите јасно го разликуваме мажјакот од женката. Мажјакот е со жаркоцрвена боја со црни пеги, главата и вратот му се темнозелени со црвена кожа околу очите, стомакот му е црн, а опашот кафејав со црни попречни пруги. Тежок е 1,2-1,6 кг. Женката е нешто помала, тешка 0,9 кг, со земјесто кафејава боја и со темни пеги. Фазанот не е познат само по своите ретко убави пердуви, туку и по првокласното месо.

Обичениот елен во Македонија го има во ловиштето “Кадина река“ на планината Јакупица и во националниот парк “Маврово“. Тежината на возрасниот елен му се двиши од 120-250 кг, а поретко и до 300 кг. Влакното од пролета па се до есента му е со темноцрвенкаста боја, а по стомакот белкаста.

Срната е распространета низ целата наша држава и таа е полесна од еленот лопатар. Женките се незначително помали и полесни од мажјаците (5-10%). Тежината кај зрелите мажјаци се движи од 20-30 кг, а кај женките од 17-25 кг. Мажјакот го нарекуваме срндак, женката срна, а младото лане или срнче. Срните се поразвиени во задниот дел од телото одколку во предниот што укажува дека тие се градени за скокови, а не за трчање.

Дивата свиња е предок на питомата свиња, а сличноста помеѓу нив во глобала е голема, иако со селекција од дивата свиња се добиени раси кои во извесна смисла и се разликуваат. Телото на дивата свиња е збиено и силно, главата и е клинеста и се завршува со тапа муцка. Мажјакот може да достигне тежина од преку 200 кг (и до 300 кг), а женката до 150 кг.

Месо од дивеч

 

Енергетска и нутриционистичка вредност

Енергетската вредност на 100 g месо од фазан изнесува 181 kcal / 757 kJ, од што 22,7% се протеини и 9,3% масти. Кога станува збор за минералите, ова месо е добар извор на цинк (1,0 mg, што изнесува 10% од препорачаната дневна количина потребна на организмот) и одличен извор на селен (15,7 μg, што изнесува 28,5% од препорачаната дневна количина потребна на организмот). Од витамините, тоа е добар извор на пантотенска киселина В% (0,93 mg, што сочинува 19% RDA), одличен извор на цијанокобаламин В12 (0,77 μg, што сочинува 32% RDA), ниацин В3 (6,4 mg, што сочинува 46% RDA) и пиродоксин B6 (0,66 mg, што сочинува 51% RDA).

Енергетската вредност на 100 g месо од дива патка изнесува 211 kcal / 883 kJ, од што 17,4% протеини и 15,2% масти. Ова месо е одличен извор на фосфор (168 mg, што сочинува 21% RDA), селен (12,8 μg, што сочинува 23% RDA) и железо (4,2 mg, што сочинува 26% RDA). Тоа е одличен извор на витамини од B комплексот: пиридоксин B6 (0,53 mg, што сочинува 31% RDA), тиамин B1 (0,4 mg, што сочинува 29% RDA), цијанокобаламин B12 (0,7 μg, што сочинува 27% од препорачаната дневна количина потребна на организмот), рибофлавин B2 (0,3, mg, што сочинува 21% од препорачаната дневна количина потребна на организмот) и ниацин B3 (3,3 mg, што сочинува 21% од препорачаната дневна количина потребна на организмот).

Енергетската вредност на 100 g месо од дива свиња изнесува 122 kcal / 510 kJ, од тоа 21,5% протеини и 3,3% масти. Од минералите, ова месо е добар извор на фосфор (120 mg, што сочинува 15% RDA) и селен (9,8 μg, што сочинува 18% RDA). Од витамините тоа е добар извор на тиамин B1 (0,4 mg, што сочинува 33% RDA) и ниацин B3 (4 mg, што сочинува 24% RDA).

Енергетската вредност на 100 g месо од див зајак изнесува 114 kcal / 477 kJ, од тоа 22% протеини и 2,3% масти. Од минералите ова месо е добар извор на магнезиум (29 mg, што сочинува 10% RDA) и селен (9,4 μg, што сочинува 17% RDA), а истотака е и одличен извор на железо (3,2 mg, што сочинува 23% RDA) и фосфор (226 mg или 28% RDA). Од витамините тоа е одличен извор на ниацин B3 (6,5 mg, што сочинува 41% RDA).

Енергетската вредност на 100 g месо од елен изнесува 120 kcal / 502 kJ, од тоа 23% протеини и 2,4% масти. Од минералите ова месо е одличен извор на железо (3,4 mg, што сочинува 24,3% RDA), фосфор (202 mg, што сочинува 25% RDA), а добар е извор на селен (9,7 μg, што сочинува 17,6% RDA). Од витамините тоа е добар извор на тиамин B1 (0,2 mg, што сочинува 18,3% RDA), а одличен е извор на рибофлавин B2 (0,5 mg, што сочинува 37% RDA), ниацин B3 (6,4 mg, што сочинува 40% RDA), цијанокобаламин B12 (6,3 μg, што сочинува 260% RDA, а максималната дневна количина потребна на организмот е 7,2 μg) и пиродоксин B6 (0,4 mg, што сочинува 24% RDA).

ДОБАР ИЗВОР – поимот се однесува на намирниците кои содршат витамини, минерали, протеини и влакна во количина од најмалку 10% од дневните потреби на RDA.

ОДЛИЧЕН ИЗВОР – поимот се однесува на намирниците кои содршат витамини, минерали, протеини и влакна во количина од најмалку 20% од дневните потреби на RDA.

RDA – Recommended Dietary Allowances (препорачани дневни количества)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You cannot copy content of this page