Печен зајак со кисела зелка

 

Состојки:

  • 1 зајак (домашен или див)

Маринада:

  • 200 ml бело вино
  • 100 ml маслиново масло
  • 1 голема лажица сол
  • 1 лажица рузмарин
  • 1 лажица миродија
  • 5 чешниња лук
  • 1 кромид
  • 2 лажица вегета
  • 1/2 лажица црн пипер

Додатоци пред печење:

  • 35 ml зејтин
  • 50 ml вода
  • 100 ml бело вино
  • 50 ml расолница
  • 1/4 кисела зелка
  • 5-6 ловорови листа

40 мин пред печење се додава:

  • 4-5 компира
  • 1 голема лажица брашно
  • 1 лажица црвен пипер
  • 100 g шампињони

 

Подготовка:

Ова е јадење јадење за 6 лица со средна тежина на подготовка. за негова подготовка потребни се 1-2 часа.

За овој вкусен ручек треба да се спремате ден претходно. Исчистете го добро зајакот, лојот од бубрезите фрлете го.

Го оставате зајакот одвечер во длабок сад со маринадата да омекне, најмалку 10 часа пред печење. Ако маринадата не го опфаќа цел зајак, по 5 часа завртете го зајакот од другата страна.

Наредниот ден е подготвен за печење.

  1. Во длабок сад за печење ставете ја киселата зелка како подлога на зајакот.
  2. Извадете го зајакот од маринадата и ставете го врз киселата зелка.
  3. Додадете ги сите состојќи наведени во додатоци пред печење и ставете го зајакот да се пече во незагреана рерна на 250 степени, а садот затворете го или обложете го со фолија.
  4. По 30-40 минути од печењето, завртете го зајакот од другата страна и вратете го пак на печење, повторно затворен.
  5. По 30мин извадете го пак, завртете го од другата страна и додадете ги останатите состојки ( компирот сецкан на коцки, шампињоните, брашното и црвениот пипер). Оставете да се пече пак со фолија.
  6. Се пече уште 20 минути и потоа се трга фолијата, се расекува на места зајакот, од смесата во која се пече се прелева неколку пати низ цел зајак и се остава да фати златна боја (околу 20-40 минути), а температурата намалете ја на 200 степени.

Сервирајте во лотка.

Совети:

Ако зајакот е див добро е да отстои што повеќе во маринадата, а во текот на печењето повеќе пати го полевајте со смесата во која се пече, така ќе биде повеќе сочен.

Ако ви остане од смесата, не ја фрлајте, од неа може да се направи супер зајачка супа, за која наскоро ќе добиете рецепт.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You cannot copy content of this page