- НИКОГАШ не ја насочувајте пушката кон луѓето, дури и кога добро знаете дека таа е празна.
- НИКОГАШ не го ставајте прстот на чкрапалото (орозот) се додека не ја нанишаните метата, а додека се движите низ шумата со дланката опфатете го оквирот на чкрапалото (орозот) за некоја гранка случајно да не го повлече.
- НИКОГАШ не пукајте се додека не сте сосема сигурни во што пукате и не толерирајте никаква неодговорност со оружјето.
- НИКОГАШ немојте да пиете алкохол за време на ловот, не трчајте по ранетиот зајак и не пукајте по дивечот кога тој е во линија со останатите ловци.
- НИКОГАШ не ловете со неисправна пушка.
- НИКОГАШ не експериментирајте со муницијата и немојте да се воздржувате да ги предупредите на тоа и останатите учесници во ловот.
- СЕКОГАШ проверете го оружјето пред ловот, испразнете ја ипрекршете ја двоцевката во текот на транспортот, доручекот, одморот, при преминување од преку некоја меѓа и сл.
- СЕКОГАШ погледнете низ цевката пред да уфрлите куршум или патрон во неа.
- СЕКОГАШ водете сметка за безбедноста на колегата, дури и по цена на испуштање шанса за “уловот на најзначајниот трофеј во животот” и со своите постапки давајте им пример на поискусните од себе.
- На крај, НИКОГАШ не заборавајте дека во рацете имате смртоносно оружје кое УБИВА и СЕКОГАШ однесувајте се во склад со тоа.