Оштетен ценовник за дивеч

 

Претпоставувам дека многу ловци во нашата држава не се запознаени со оштетниот Ценовник за висината на надоместокот на штетата нанесена на дивеч со бесправен лов или на друг начин. Секој кој ќе се реши на ваков чекор треба да е спремен да издвои голема сума на пари за оштета, кои согласно член 71 став 1 од Законот за ловството се должни штетата да му ја надомести на концесионерот на дивечот во ловиштето.

Се надевам дека оваа статија ќе биде придонес за намалување на нелегалниот лов, бидејќи доколку несовесните ловци се запознени со висината на штетите (дополнителни се казните според Законот за ловството), убаво ќе размислат дали се исплаќа ризикот бесправно да ловат. Сите ќе се сложат дека не мала работа во денешно време од семејниот буџет да се одвојат на пример 3.000 евра за надомест од штета за бесправно застрелана дива свиња (нерез), 5.000 евра за срндак, дури 18.000 евра за мечка или фантастични 30.000 евра за рис што е околу 90 просечни плати.

Со овој оштетен ценовник не се опфатени само несовесните ловци, туку и останатите лица кои со свои дејствија ќе му нанесат штета на дивечот и преку труење, собирање и уништување јајца од дивеч, уништување со стапици, со палење на стрништа и сл.

За крај како совет, би било убаво ловците пред да тргнат на лов да се потрудат на време да ги набават потребните дозволи, со што нема да се изложуваат на ризик од големи непријатности.

 

 

Ц Е Н О В Н И К

ЗА ВИСИНАТА НА НАДОМЕСТОТ НА ШТЕТАТА НАНЕСЕНА НА ДИВЕЧОТ СО БЕСПРАВЕН ЛОВ

ИЛИ НА ДРУГ НАЧИН

 

 

Член 1

 

Со овој ценовник се утврдува висината на надоместот на штетата нанесена на дивечот со бесправен лов или на друг начин.

 

Член 2

 

Висината на надоместот на штетата на дивечот со бесправен лов или на друг начин е изразена во евра во денарска против вредност и изнесува:

 

 

1 мечка машка и женска стара преку 2 години 18.000 евра
2 мече со старост до 2 години 5.000 евра
3 срндак 5.000 евра
4 срна 2.500 евра
5 мало срнче со старост до 1 година 1.000 евра
6 рис 30.000 евра
7 видра 2.000 евра
8 чакал 3.000 евра
9 верверица 100 евра
10 полв 50 евра
11 стоболка 50 евра
12 зајак 400 евра
13 јазовец 100 евра
14 дива мачка 100 евра
15 обичен елен 12.000 евра
16 еленка кошута 6.000 евра
17 еленче од една година старост 3.000 евра
18 елен лопатар 8.000 евра
19 кошута еленка лопатар 4.000 евра
20 еленче лопатар до една година старост 3.000 евра
21 муфлон машки 7.000 евра
22 муфлон женски 3.500 евра
23 јагне од муфлон до една година старост 2.000 евра
24 дивокоза 7.000 евра
25 дивојарец 7.000 евра
26 jape до една година старост 2.000 евра
27 дива свиња (нерез) 3.000 евра
28 дива свиња (женка) 1.500 евра
29 диво прасе до една година старост 500 евра
30 голема дропла 500 евра
31 мала дропла 250 евра
32 морски гуски 200 евра
33 морска утва 100 евра
34 жолтоклун лебед 1.000 евра
35 нем лебед 1.000 евра
36 прдавец 100 евра
37 бел штрк 1.000 евра
38 црн штрк 1.000 евра
39 блескав или цри ибис 100 евра
40 чапја (црвена, бела, мала бела, жолта и ноќна) 200 евра
41 мал воден бик 200 евра
42 воден бик 200 евра
43 розов пеликан 500 евра
44 кадрав пеликан 500 евра
45 нуркач (голем обичен и мал) 200 евра
46 мал корморан 50 евра
47 сив жерав 500 евра
48 обичен галеб 100 евра
49 мал галеб 100 евра
50 блатно коковче 50 евра
51 зелено коковче 50 евра
52 калуѓерка 50 евра
53 чурулин 50 евра
54 сив сокол 500 евра
55 сокол остриж 500 евра
56 јужен сокол 500 евра
57 мал сокол 500 евра
58 ветрушка (црнонокта, белонокта и црвенонога) 250 евра
59 кусопрст јастреб 250 евра
60 јастреб врапчар 250 евра
61 обичен глувчар 500 евра
62 лисест глувчар 500 евра
63 гаќест глувчар 500 евра
64 глувчар осаш 500 евра
65 еја (мочуришна, ливадарка и полска) 400 евра
66 луња (рѓеста и црна) 400 евра
67 сур орел 1.000 евра
68 орел крстач 800 евра
69 орел клокташ 800 евра
70 џуџест орел 800 евра
71 орел рибар 800 евра
72 белоопашест орел 800 евра
73 орел змијар 800 евра
74 бел мршојадец 3.000 евра
75 белоглав мршојадец 3.000 евра
76 црн мршојадец 3.000 евра
77 брадест мршојадец 3.000 евра
78 голем ушест був 200 евра
79 шумски ушест був 200 евра
80 мочуришен був 200 евра
81 ќук 200 евра
82 кукумјавка 200 евра
83 шумски був 200 евра
84 кукувија 200 евра
85 гавран 50 евра
86 модра чавка 50 евра
87 црвеноклуна галица 100 евра
88 галица чолица 100 евра
89 златна сариасма 100 евра
90 сојка 25 евра
91 полска еребица 200 евра
92 пиле од полска еребица 50 евра
93 јајца од полска еребица 25 евра
94 еребица камењарка 300 евра
95 пиле од еребица камењарка 100 евра
96 јајце од еребица камењарка 50 евра
97 лештарка 100 евра
98 пиле од лештарка 50 евра
99 јајце од лештарка 25 евра
100 фазан 100 евра
101 пиле од фазан 50 евра
102 јајце од фазан 25 евра
103 потполошка 50 евра
104 гулаб (гривнеж, дупкар и пештерник) 30 евра
105 грлица 30 евра
106 гугутка 30 евра
107 шљука (шумска и барска) 50 евра
108 голем и мал бекасин 20 евра
109 гуска (дива, белочелна, лисеста и глоговница) 100 евра
110 пајки (дива или глувара, берија или крѓа, ластарка или  калкурук,   пупчаница,   лажичарка,  белоока њорка, свирач, сива, превез) 50 евра
111 црвеноглава и цуцулеста њорка 50 евра
112 лиска 100 евра
113 пиле од лиска до 10 недели старост 50 евра
114 јајце од лиска 25 евра

 

Член 3

 

Со денот на влегувањето во сила на овој ценовник престанува да важи Ценовникот за висината на надоместот на штетата нанесена на дивечот со бесправен лов или на друг начин („Службен весник на Република Македонија” бр. 16/97).

 

Член 4

 

Овој ценовник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во “Службен весник на Република Македонија”.

 

Бр. 09-14805/1                                                  Министер за земјоделство,

16 ноември 2009 година                                    шумарство и водостопанство,

                                                                                 Скопје Љупчо Димовски, с.р.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You cannot copy content of this page