Најубаво би било кога би имале срнетина или убаво парче плешка од елен, но и јунешкото ке послужи исто така. Најбитни се шумските печурки. Нив денеска не е проблем да ги набавиме маринирани или смрзнати во скоро секоја малку подобро снабдена продавница. Во оваа рецепта се користени маринирани печурки, затоа што и кога ќе се измијат под млаз ладна вода сеуште ја задржуваат нивната киселост да целото јадење добива малку интригантна нота. Секако и боровинките ќе додадат своја киселкастост, а може да се додаде и димена сланина како врв на сето тоа.
Состојки за 4 особи:
- 400 / 500 гр. Јунешко или срнетина од плешка
- 70 гр. Димена сланина
- 150 / 200 гр. Шумски печурки
- 1 поголема главица црвен лук
- 1 чешне лук
- 2 лажици остро брашно
- 1 лажица концентрат од домати
- Мала лажичка мелена слатка пиперка
- 2 лажици смрзнати боровинки
- Лажица масло
- 1/1,5литри сос од месо
- 2 дл. Суво црвено вино
- Врзоп магдонос и целер
- Сушен мажоран
- Ловоров лист
- Сол, црн пипер и шеќер
Припрема:
Ситно исецканиот црвен лук се посолува па се динста на загреано масло. Се додава исецкано на коцки месото и сланината и се динста додека месото не пушти сок.
Потоа се додава мелена пиперка, ситно исецкан лук и брашно. Се динста минута или две, со стално мешање додека брашното не ја смени бојата, па се додава концентратот од домати. Се заедно кратко се динста па се налева ладниот сос од месо да го покрие месото. Добро се промешува, а кога повторно ќе зоврие се намалува огинот и се продолжува полека да крчка. После десетина минути со додавање сос по потреба се додава ловоров лист и малку мажоран. Полупокриено продолжува да крчка на тивок оган, а после 15 минути извадете го ловорот и зачинете со сол и црн пипер. Варете додека месото не омекне, па додадете црвено вино и продолжете со варењето открино следните 10 минути. Додадете боровинки и измиени и исцедени шумски печурки, па ако е потребно се додава сол и црн пипер, а по потреба ако е малку киселкасто може да се додаде и шеќер. Последните минути додадете сецкан магдонос и целер.