Дали лисицата е подобро “куче“?

 

Зоолозите во Сибир успеале да одгледаат питома лисица. Она што го добиле било животно кое што покажува повеќе доверба спрама луѓето одколку кучето.

Веќе преку 40 години. Научниците во Сибир одгледуваат лисици со цел пронаоѓање одговор на прашањето: Колку време е потребно за припитомување на дивите животни?

Дека лисицата е исклучително интелигентно животно, познато е од бајките веќе од поодамна. Таа е способна да ги измами повеќето животни и да ги намами за да ги изеде. Нејзинит начина на приоѓање отсекогаш се сметал за итар.

lisica i kuce

Тоа што научниците успеале да го постигнат е изненадувачко, од причина што лисицата се смета за едно од животните кои што речиси е невозможно да се припитомат. Самата нејзина реакција на приоѓање на луѓето може да се смета како поприлично обесхрабрувачка.

Научниците сега го докажале и тоа дека сепак е возможно и поинаку и тоа така што секој пат кога лисицата би се окотила, би пришле до младенчињата и би го земале она кое што покажувало најмала доза на одбивност.

Ваквите животни ги спојувале и накрај со таков начин на одгледување добиле толку питоми лисици што е готово застрашувачки.

Наиме, овие лисици се однесуваат како кучиња и не се плашат од луѓето.

После овој успех навистина можеме да се запрашаме дали лисицата е подобро куче, ако ја земеме во предвид нејзината интелигенција.

Очигледно на луѓето кои што се решиле да припитомат волк, интелигенцијата не им била толку важна колку силата, па му дале предност над лисицата.

 

Leave a Reply

You cannot copy content of this page