Загребската жупанија додели договори во вредност од 160 илјади евра на Ловечкиот сојуз, здруженија и друштвата

 

Додека во Македонија на ловечките друштва и концесионери на дивеч во ловиштата се гледа со презир, во државите од регионот тие имаат голема поддршка од локалната и државната власт. Ние сите се восхитуваме и сме полни со пофалби за ловството во државите во регионот, но всушност тој нивен степен на развиеност не би бил можен без поддршка на локалните и државните власти. Рецептот за успех и развој не е тајна, но прашање и колку нашите локални и државни власти се искрени во намерите за развој и подршка на ловството и ловџиите.

 

Загребската жупанија додели договори во вредност од 160 илјади евра на Ловечкиот сојуз, здруженија и друштвата

 

Како дел од таквата поддршка, во Република Хрватска Загрепската жупанија неодамна додели договори во вредност од 160 илјади евра на ловечки здруженија и друштва и на Загрепското жупанискот ловечки сојуз.

Договорите за вкупно 47 проекти поднесени од 37 здруженија и Ловечкиот сојуз на жупанија Загреб беа претставени од страна на заменик жупанискиот префект Дамир Томљеновиќ, кој нагласи дека жупанијата Загреб секоја година ги зголемува средствата за ловечките здруженија.

-Годинава се отворени два ловечки конкурси, од кои едниот е овој, вреден 160 илјади евра. Од оваа сума, 110 илјади евра се наменети за инфраструктура во ловишта и капитални инвестиции во објекти, 30 илјади евра се за промоција на ловството и ловниот туризам, а 20 илјади евра за ловно стрелаштво и кинологија – рече Томљеновиќ.

Во име на Загрепскиот ловечки сојуз, пред присутните се обрати неговиот претседател Мато Чичак.

-Загребската жупанија долги години на овој начин им помага на ловците. Годинава се издвојуваат 280 илјади евра за помош на ловџиите, Ловечкиот сојуз доби 64 илјади евра за функционирање и организирање на сите манифестации, а околу 60 илјади евра беа поделени преку Собранието на ловните друштва кои се пријавија на конкурсот – рече Чичак.

-Ова е голема работа за развојот на жупанскиот лов, кој е прв во Хрватска во сите сегменти – од стрелаштво во кое имаме европски шампион, до кинологија во која имаме голем број светски шампиони. Ние сме навистина предводник на хрватскиот лов и тоа не би било можно без поддршката на Загребската жупанија. Ние се разликуваме од другите здруженија, вложуваме многу повеќе во ловството и оваа помош е секако добредојдена. Секое евро вложено од нашите ловџии се враќа десеткратно“, потенцира Чичак.

Во името на добитниците на договори, благодарност изрази претседателот на ЛД Зец Оборово, Стјепан Кирин кој рече дека овие договори значат многу за сите ловечки друштва.

-Би било невозможно да се спроведе сè и да се развиваме до овој степен доколку Загребската жупанија не помогне во толку голем обем. Се надевам дека така ќе остане и во иднина и дека ќе продолжиме добро да соработуваме – заклучи Кирин.

 

Leave a Reply

You cannot copy content of this page