Ова е една убава тава со месо од дивеч, а видот на месото нека биде по ваш избор. Овде е со дивеч кое треба да се потроши до наредната ловна сезона. Некои оваа тава ја обожаваат со пилешки стек, но на вас останува да се одлучите со какво месо сакате да си ја приготвите.
Ова средно тежок рецепт за подготовка, за 6 лица. Се подготвува за околу 3 часа.
Состојки:
- 1,5 kg месо од дивеч (пилешко,свинско или телешко)
- 2 поголеми домати
- 2 главици кромид
- 4 компири
- 3 моркови
Бешамел сос:
- 2 лажички брашно
- 50 g путер
- 500 ml млеко
- мешан зачин,бибер,магданос,кцана сол,оригано
- 200 g млечен кашкавал
Маринада:
- 1 чашка вински или јаболков оцет
- 1 литар вода
- 2-3 чешниња лук
- 2-3 ловоров лист
- 1/2 кесичка бибер во зрна
Подготовка:
Месото бидејки се работи за дивеч се остава преку ноќ во маринада да одстои. Наредниот ден месото се става на тивок огин да се крчка. се додека не омекне. Времетраењето на крчкањето зависи од структурата на месото дали се работи за бут, плешка дали има на него малку масно ткиво (тоа најмеко) отприлика околу 3-4 часа.
Половина час пред крајот на варење се додава зеленчукот и ренданиот излупен домат. Во посебна тава за печење се префрла месото и зеленчукот, потоа се додава на коцки исецкан компир и околи половина литар течност која остана од варењето.
Зачинете по желба пред печење и полејте го со бешамел сос кој се подготвува на следниот начин:
Бешамел сос:
Во коцка растопена путер пропржете кратко две лажици брашно мешајки интезивно и полека додавајте млеко додека да ја добиете посакуваната густина (зависи од вкусот може да се остави поретка). Бешамелот се зачинува со мешан зачин, бибер и сол може да се додадат и буковец и оригано. Сосот се сипува врз тавата со месо и зеленчук, се ренда кашкавал и се додава сецкан магдонос. Се пече околу 45 минути на температура од 200°С.
Забелешка:
Претходно е споменато дека наместо месо од дивеч може да се употреби со полешко месо, свинско или телешко или од сите по малку, со што ќе се скрати и времето за готвење. Дивечот е специфичен за подготовка и одзема многу време, но за квалитетот на тоа месо не се дискутира.
Добар апетит!!!