Медаљони од дивеч со црни суви сливи

Овој рецепт за медаљони од дивеч со црни суви сливи е еден од потешките за подготовка. Тој е доволен за 5 лица и се подготвува за околу 3 часа.

 

Состојки:

  • 800 g дива свиња или некое убаво парче месо од дивеч

Маринада:

  • 1 кромид
  • 1 морков
  • 2 гранчиња целер
  • 1-2 чешнина лук
  • 5-10 зрна бибер
  • 2 зрна јенибар- пимент
  • 1 гранче мајчина душичка
  • 1 ловоров лист
  • 1 гранче рузмарин
  • 1-2 каранфилчиња
  • 60 ml вински оцет
  • 120 ml домашно , црвено вино
  • вода да го покрие зајрето

Дополнително:

  • 2-3 лажици масло
  • 30-40 g путер
  • 120 g сецкана сланина
  • 1 страк праз
  • 1 црн домат
  • 1 пиперка капија
  • 1 чили пиперче
  • 1 лажиче лажиче пире од домати
  • 1 лажиче хариса паста
  • 10-15 суви, црни сливи
  • 2-3 компири
  • сол и бибер по потреба
  • магдонос

 

Подготовка:

Прво измиеното парче месо од дивеч се сече на парчиња. Во еден сад се налева оцет, вино, потоа се додава исчистен и исецкан на крупно зеленчук, кромид, морков, целер, лук, зрна бибер, ловоров лист, мајчина душичка, рузмарин, пимент и каранфилче.

Тука се додаваат парчињата месо и се додава вода колку да се покрие зајрето. Се остава садот да одстои во фрижидер најмалку 24 часа, а најмногу 48 часа.

Потоа во тава се става масло и путер. Месото се просушува на кујнска крпа од маринадата.

Секое парче се запржува од двете страни по малку. Потоа се става во сад на страна.

Сега во тавата каде претходно се пржеше, ако недостасува се додава малку маснотија. Ја пржиме сецканата сланина и сецканиот праз. Го додаваме и сецканиот зеленчук, пиперка, црн домат, па доматното пире, хариса паста и магдонос.

Се додаваат и црните сливи. Се додава малку вода, за да се изедначат состојките. Се заедно го соединуваме во тавата каде ќе го печиме месото, пожелно е да биде со капак, како пекач или земјена тава.

По потреба се подлива со маринадата каде претходно стоеше месото или со претходно подготвен бујон. Повремено се промешува или се протресува садот. Потоа се остава на тивок оган во рерна да крчка околу 3-4 часа.

Еден час пред да биде готово месото се додаваат излупените и на коцки исецкани компири. Сервираме топло и послужуваме.

На здравје!

 

Leave a Reply

You cannot copy content of this page