Состојки:
- 750 g месо од плешка или грбот на дива свиња
- 1 лажичка црн пипер во зрна
- 1 лажичка мајчина душичка
- 1 лист ловоров лист
- 2 каранфилчиња
- 1 главица кромид
- 1 морков
- 1 помал корен целер
- 1/3 чаша вински оцет
- 1/2 l јако црно вино
За сосот:
- 1 лажица брашно
- 3 лажици зејтин
Поготовка:
Ова е лесно за подготовка јадење за 6 лица. За негова подготовка потребни се повеќе од 3 часа.
Најпрво месото изимијте го и ставете во садот со зачините. Потоа додадете го исечениот кромид, морковот, целерот, прелијте со оцетот и виното и оставете да одлежи во фрижидер 1-4 дена (свежото место пожелно е да одлежи 4 дена во маринадата)
Потоа исцедете го добро, посолете.
Ставете го месото во сад со загреан зејтин и подпечете додека не добие убава темна боја. Извадете го печењето.
Во касеролата подпржете го брашното, долијте ја маринадата заедно со зачинките, оставете да проврие. Залијте го месото со провриениот сос и оставете во рерната да се пече поклопено на 180 степени околу 1-2 часа.
Нека ви е слатко!