Словачка ќе отстрела 350 мечки откако мечка уби човек

 

Популацијата на кафеава мечка во Словачка сега надминува 1.000 предатори.

Словачка го одобри планот да се застрелаат 350 мечки, откако минатиот месец во централна Словачка беше пронајдено тело на 59-годишен маж, до смрт изгризан од мечка, објави Асошиејтед прес, повикувајќи се на локалните власти.

Министерот за животна средина Томас Тараба рече дека нападите на мечки се во пораст, со над 1.900 случаи на напади врз луѓе минатата година. Бројот на кафеави мечки во Словачка надминува 1.000.

„Не можеме да живееме во земја во која луѓето се плашат да одат во шумите“, рече премиерот Роберт Фицо.

Владата прогласи вонредна состојба и во 55 од 72 општини во земјата, според која Министерството за животна средина ќе може директно да издава дозволи за отстрел на мечки.

Еколошките организации рекоа дека одлуката е во спротивност со меѓународните обврски на земјата и дека Словачка наместо тоа треба да спроведе превентивни мерки.

Минатата година Словачка одобри отстрел на 144 мечки. Слична мерка беше одобрена во Романија минатата година.

 

Leave a Reply

You cannot copy content of this page