Зајак во фолија

 

Измијте го и исушете го месото па посолете го, додајте бибер истрлајте со ситно сецкан лук, магдонос и мажоран. Потоа месото од сите страни премачкајте го со масло, замотајте го во фолија и ставете го да се пече во загреана рерна на 200˚C околу 60 минути. Кога месото е печено, исечете ја фолијата, извадете го месото, исечете го на парчиња и вратете го назад во фолијата пазејќи сокот од печењето да остане во фолијата. Послужете со зеленчук на жар.

 

Потребни состојки:

  • 1 кг. зајачки грб или бут;
  • Сол;
  • Пипер;
  • 2 чешниња лук;
  • 1 лажица масло;
  • 1 лажица мажуран и
  • 1 лажица магдонос.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You cannot copy content of this page