Волк (Canis lupus)

 

Волците живеат во голем број на различи опкружувања. Благодарение на својата голема прилагодливост, успеваат да живеат во ледените подрачја на Арктикот, како и во пустините на северна Америка и централна Азија. Повеќето волци се населуваат по тревнатите подрачја и шумите. Во денешно време познат е пред се како шумско животно, но тоа е последица на фактот што човекот од многу одамна го потиснал од отворените подрачја.

 

Волк (Canis lupus)

 

Систематика:

 

Царство: Animalia
Тип: Chordata
Класа: Mammalia
Ред: Carnivora
Фамилија: Canidae
Род: Canis
Вид: Canis lupus Linné, 1758.

 

Особини

 

Големината и тежината на волците варира во широки граници, бидејќи населуваат големи и различни подрачја.

Најголемите волци (живеат во шумските подрачја на Летонија, Белорусија, Аљаска и Канада) достигнуваат должина на телото (од врвот на муцката до почетокот на опашот) до 160 см, а опашот им е долг уште околу 52 см. Во рамениците е висок околу 80 см, а можат да достигнат тежина до 80 кг.

Најмалите волци живеат на Предниот Ориент и на Арапскиот полостров. Должината на телото им е околу 80 см, тежат 20 кг, а опашот им е долг околу 29 см.

Женките се околу 2 до 12% помали од мажјаците и 20 до 25% полесни од нив.

 

Распространетост

Се до почетокот на разојот на земјоделството и сточарството волкот бил најраспространета ѕверка на земјата. Бил распространет во цела Европа и Азија па се до северна Африка, како и во северна Америка.  Во поголем дел од тоа некогашно огромно подрачје на распространување, а особено во западна Европа и во северна Америка, луѓето скоро да го да го искорениле. Во источна Европа, на Балканот, во Канада, Сибир, Монголија и во помала мерка во Иран, сеуште постојат поголеми меѓусебно поврзани популации на волци. Инаку, тој може да се сретне уште само во мали, меѓусебно изолирани заедници кои опфаќаат и помалку од 100 животни.

 

Начин на живот – Однесување и социјална организација

Иако понекогаш во дивината може да се сретне само еден осамен волк, нормалниот социјален живот на волците се одвива во чопор. Чопорот кај волците по правило се состои од родителски пар и нивните потомци, значи станува збор за фамилија. Волците (за разлика од домашните кучиња) полно созрева дури во втората година од својот живот и за тоа време остануваат со своите родители.

Минатогодишните волци им помагаат на родителите во подигањето на следната генерација на младенчиња. Во нормални услови, во есен волчјиот чопор се состои од родителски пар, нивните младенчиња од претходната годинакако и младенчињата од тековната година. Со достигнување на половата зрелост, младите волци по правило ја напуштаат територијата на своите родители и тргнуваат во потрага по сопствена територија. Родителите секогаш се доминантни во однос на својот подмладок, по според тоа нема борби околу доминацијата. До парење помеѓу сродниците по правило не доаѓа, дури и кога не постои друг сексуален партнер. При тоа, мажјакот е тој кој го одбива парењето.

Периодот на носење е околу шеесет денови, а во едно легло по правило има помеѓу три и седум (понекогаш се случува и четиринаесет) младенчиња.

 

Исхрана

Основната храна на волците ја сочинуваат големите тревопасни животни (т.н. хербивори), при тоа го лови оној вид кој е најчест на подрачјето на кое живее. Во северните делови на подрачјето на кое се распространети претежно ловат во чопори ирваси, срни или некој вид на елени. Во нивниот улов во источна Европа спаѓаат и дивите свињи. Редовно ловат и помали глодари како што се зајците, куничите, кртиците и глувците. Во случај на недостаток на дивеч, волците јадат и лешеви како и отпадоци.

Витамините и неопходните елементи волците не ги добиваат само хранејќи се со тревопасни животни (т.н. хербивори), туку и самите јадат растителна храна. Како многу квлитетна храна за волците се вбројуваат разни овошни бобинки кои растат на нивното подрачје, како и листови на некои билки и треви.

Според актуелините истражувања, годишните потреби на волкот за исхрана се движат помеѓу 500 и 800 кг по единка. Во просек, волкот јаде околу 2 кг дневно, но при тоа треба да се земат во предвид и подолгите периоди во кои волците не успеваат да уловат ништо. Во исклучителни ситуации волкот може да изеде одеднаш и до 10 кг месо, но после тоа на некое друго место дел од тоа месо го повраќа и го закопува како залиха. Младите волци често јадат и исекти.

 

Човекот и волкот – Удомаќинување на волкот

Во денешно време е докажано дека домашниото куче потекнува од волкот. Генетиките истражувања докажале дека т.н. “пра-куче“ се одвоило од волкот уште од пред повеќе од 100.000 години.

Се претпоставува дека волкот му се приклучил на човекот пред околу 14.000 години, за да се храни со остатоците на човековата храна. Со време тој станал попитом, а луѓето ја осознале можната корист од нив. Според друга претпоставка, волкот во почетокот служел како извор на месо, пред да се спознае дека како домашно животно може да боде корисен и на друг начин.

Кај некои раси на домашни кучиња сродноста со волкот сеуште може многу добро да се види. Кучиња од “пратипот“ (група 5 во FCI класификацијата) како што се самојадот, сибирски хаски, аљаскиот маламут, канаанското куче и акита ину, со својот изгел и во денешно време ја покажуваат својата сродност со волкот, како што е шилестата муцка, шилестите и исправени уши и четвртастата градба на телото. Исто така и некои други раси на кучиња покажуваат одредена слишност со волкот, како на пример германскиот овчар.

Во текот на 20-от век во Чешка, Холандија и Италија правени се некои обиди за вкрстување на накои кучешки раси со волкот. Во меѓувреме тие обиди се сметаат за неуспешни, бидејќи во повеќето случаи кај вкрстените потомци доаѓало до доминација на волчјите особини, како што е плашливост, неприлагодливост на живот со човекот во урбани услови.

 

Однос на човекот кон волкот – Почитување

Голем број на народи кои живееле од ловот во волкот гледале рамноправен или дури и понадмоќен конкурент, на чија снаодливост и издржливост и се восхитувале и ги почитувале. Имињата кои се чести во северна Европа, а потекнуваат од името “волк“ (Wolf, Wolfgang, Wolfhard) не потсетуваат на почитта кон волкот која што е присутна во културите кај народите ловци. Освен тоа, се мислело и дека одредени делови на телото од волците имаат и лековити својства.

 

Волкот како човеков непријател

Наспроти претходно наведеното, во т.н. седечки култури, волкот се сметал непријател кој увива корисни животни. Од средниот век па се до раниот период на новото време, односот на човекот кон волкот станувал се повеќе одреден под влијание на стравовите и демонизирањето на волците. Големото пришурување на населените места и на земјоделските површини, чувањето на стоката на отворено, како и шумското испасување на говедата, овците, свињите и коњите, кое било раширено се до 19 век, доведувало до големи губитоци на тие животни од страна на волците. Иако голем дел од тие известувања за губитоци сигурно биле прекумерно преувеличени, а дел од тие губитоци сигурно ги предизвикале кучињата скитници, реалните губитоци кој таквиот начин на сточарење за селаните биле значителни. Кон оваа прехранбена конкуренција помеѓу човекот и волкот, набргу и се приклучила и конкуренцијата во ловот.

Ваквиот однос кон волкот довел до негов безмерен (голем) прогон во западна и централна Европа, чија цел била, независно од можните последоци, потполно истребување на волкот. Волкот така, помеѓу останатото е истребен во Велика Британија (последниот волк е убиен во 1743 год.), Данска (1772 год.) и Германија (1904 год.). во јучна и во источна Европа постоела многу поголема толеранција кон волкот (како и кон другите поголеми ѕверки). И тука исто така, после значителни штети од страна на волците биле организирани прогони на волците, но нивната цел никогаш не била уништување на целата негова популација.

 

Напади на луѓето

Додека губитоците кои им се припишуваат на волците се неспорни, нападите на човекот никогаш не се докажани. Сигурни податоци дека здрав волк нападнал човек никогаш на се забележани, ниту во северна Америка ниту во Европа.

 

Загрозеност и заштита

Во време кога волкот во поголем дел од Европа бил веќе искоренет (19 век). Тој живеел во Унгарија, Галиција, Хрватска, Словенија, Босна, Србија, Македонија, Романија, Полска, Русија и Скандинавија.

Во поголем дел од светот каде што сеуште живее, волците и денес активно ги прогонуваат. Меѓутоа, се е поголемо сознанието дека волкот не претставува опасност ниту за човекот ниту за земјоделството. Се прифаќа сознанието, дека во рамките на заштитата на околината треба да се заштити и волкот, како добредојден составен дел од фауната.

Во Европа волкот е заштитен со три меѓународни договори:

  • Вашингтонскиот договор за заштита на видовите (CITES, Convention on International Trade in Endangered Species of Wild Fauna and Flora)
  • Берлинската ковенција и
  • FFH – насоки (Fauna-Flora-Habitat-Richtlinie).

Трите документи предвидуваат заштита и забрана за трговина со живи волци како и со делови од нивните тела, како и заштита на нивната животната средина. Овие документи содржат и задолжение за земјите кои се нивни потписнички, на соодветен начин го решат тоа прашање и со своите законодавста.

 

Волкот во легендите и во литературата

Двојниот карактер на односот на луѓето кон волкот во исто време бил штетен но влевал страв, се одразил во многу легенди, бајки и басни како и во литературни дела. Во таа група спаѓаат и верувањата во “вукодлаци“. Во голем број на култури, помеѓу кои некои северно американски индијански племиња како и Туркмените и Монголите, волкот се сметал за тотем.

Узбекистанците и Хуните го поврзуваат потеклото на своите народи од волкот, а старите Турци волчицата ја сметале за своја прамајка.

Според римската митологија, Ромул и Рем ги доела волчица. Слично верување постоело и во Словачка, а основачот на Персијското царство Кира според верувањата го прехранила волчица.

Во литературата волкот се појавува во во басните (на пример кај Езоп) и во бајките (на пример во Црвенкапа на браќата Грим).

Во современата литература познати се приказните за волците на Rudyard Kipling (Книга за џунглата) и на Jack London (Повикот на дивината, Бел очник). Во делото на Hermanna Hessea “Степски волк“, тој се појавува како симбол на осамениците.

 

 

One thought on “Волк (Canis lupus)

Leave a Reply

Your email address will not be published.

You cannot copy content of this page