Во тетовско приведен криволовец со примки

Криволовот со примки на територијата на нашата држава е широко раширен. Тоа е многу нехуман и неселективен начин на лов со кој се причинуваат големи штети врз дивечот.

Последен во низата случаи е евидентиран во Тетово, каде тетовската полиција во текот на вчерашниот ден привела 65 – годишен жител на село Глоѓи поради незаконски лов. Криволовецот бил забележан во атарот на селото Јелошник од страна на ловочуварската служба каде поставил сајли за лов на дивеч.

– Околу 13 часот и 20 минути, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода К.Н.(65) од тетовско Глоѓи поради сомнение дека на шумски пат во атарот на селото Јелошник поставил две метални сајли за лов на дивеч и со тоа сторил кривично дело „незаконит лов”, согласно член 228 од Кривичниот законик, информира Марјан Јосифоски.

Од МВР информираат дека осомничениот е задржан во полициска станица и против него ќе следува соодветен поднесок.

Сепак се чини дека државата е немоќна да се справи со оваа девијантна појава, бидејќи концесионерите со дивечот во ловиштата се жалат дека судот често ги ослободува прекршителите или им дава благи казни. Со тоа судот наместо преку изрекување на соодветни казни да делува превентивно и да ги одвраќа потенцијалните криволовци од прекршување на законот, на некој начин ги охрабрива да го повторат делото. Прекршителите на законот ова го сваќаат како слабост на системот, па после тоа се уште подрски и не ретко им се закануваат на ловочуварите.

Да се надеваме дека конечно судот ќе го потпомогне ловството и преку соодветни казни ќе ги натера криволовците добро да размислат дали ќе се решат да го прекршат законот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You cannot copy content of this page