Во цела држава има само еден ловен инспектор

 

Во моментов во државава  официјално, има само еден ловен инспектор и тоа во Скопје.  На помош му пристапуват шумските инспектори по регионите, кои добиваат овластувања да вршат надзор и во областа на ловот. Тие пред половина година полагале, но сѐ уште немат добиено  потврди дека може да постапуваат и за прекршоци во ловот, но сѐ уште не им се издадени лиценците. Поради тоа, секој записник за откриена неправилност за поведување кривична пријава во ловството се препраќа до Скопје, додека кога станува збор за прекршочна пријава одлучуваат самите концесионери со дивечот во ловиштата и соодветната комисија при Министерството за земјоделство.

Министерството за земјоделство не дава одговор на прашањето зошто инспекторите уште не ги добиле потврдите. Ако се има во предвид дека во државата според некои податоци има 15-20.000 активни ловци и околу 260 ловишта, може да се стекне впечаток дека ваквата состојба во најмала рака е несериозна и парадоксална.

Само во струмичко постојат пет ловни друштва кои имаат околу 1.200 активни членови. Според нив, последниве неколку години значително е намален криволовот во овој дел од нашата држава. Нивните служби се постојано присутни на терен за да утврдат дали се врши лов во ловостој и дали ловџиите ја имаат соодветната документација потребна за лов.  Доколку се утврдат неправилности кај ловџиите, тие реагираат до надлежнитете инспектори.

Од ловните друштва велат дека контуинирано се грижат за дивечот во ловишатата кои ги имаат добиено под концесија. Тоа во пракса го покажаа и изминатиов период. Така за време на ниските температури  и високите снежни прекривки на повеќе ловишта оставаа прихрана за дивечот, односно зрнеста храна, компир, зелка и сено. Покрај тоа имаат и свои одгледувалишта каде  го одгледуваат и размножуваат дивечот кој потаа го пуштаат по ловиштата.  ЛД„Фазан“ има ограден простор за одгледување на дивеч на околу 0,2 хектари каде чуваат и се грижат за 40-на диви свињи, елени лопатари но и прелетен дивеч. Напролет планираат овој дивеч да го испуштат по ловишта со кои стопанисуваат.

„Наша задача не е само отстрел на дивечот кој е штетен, туку и грижа за животните. Деновиве постојано остававме храна која сами ја набавивме. Повеке стотина килограми пченка, компир и луцерка е оставена по планините каде има најмногу дива свиња, срни, зајаци, но и прелетен дивеч“, изјави Димитар Арапов од ЛД „Беласица“.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You cannot copy content of this page