Влијанието на ветерот и дождот врз риболовот

 

Дождот, грмотевиците, ветерот, брзото заладување, како и топењето на снегот, се природни фактори кои со своето влијание можат да го наградат рибарот со добар улов, но некогаш и да го доведат до состојба на очај

 

Промените на метеоролошките услови рибите многу добро ги чувствуваат, но и ги предвидуваат. Дождот, грмотевиците, ветерот, брзото заладување, како и топењето на снегот, се природни фактори кои со своето влијание можат да го наградат рибарот со добар улов, но некогаш и да го доведат до состојба на очај.

 

Влијание на дождот

Дождот во зависност од интензитетот и времетраењето има различно влијание врз успехот при риболовот. Така на пример, поројниот дожд на почетокот негативно влијае на успехот при риболовот, но ако тој е краткотраен или паѓа само по некоја капка на водната површина, тогаш тоа е добар предуслов успехот да е загарантиран.

Дождот може да ја испровоцира рибата да почне да јаде малку порано отколку во деновите кога времето било ведро, а површината на водата мирна.

Дождовните капки што паѓаат во водата влијаат на тој начин што ја разладуваат нејзината површина и воедно ја збогатуваат со кислород. Поситната риба тогаш излегува на површината на водата, па рибите грабливки кои се хранат со нив се принудени да се искачат во горните слоеви од водата. Но ваквото влијание на дождот врз дневните миграции на рибите, се однесува само за периодот на летото и раната есен.

 

Влијание на ветерот

Во зависност од насоката на ветерот и годишното време, тој понекогаш е пресуден, а понекогаш само дополнителен фактор за успешен риболов. При ветровити услови, кога водата се бранува, рибите грабливки вообичаено започнуваат порано да ловат отколку кога е мирно и нема ветер и најчесто тоа го прават во крајбрежниот појас. За разлика од тоа, силниот ветер или невремето проследено со силни грмежи, на почетокот има негативно влијаение врз риболовот, бидејќи тогаш рибата е уплашена, престанува да се храни и се повлекува во подлабоките засолништа. Исклучок од ова е само големиот сом.

Кога времето ќе се смири и невремето и грмежите ќе стивнат, на површината на водата можеме да забележиме голема раздвиженост на рибите.

Ситната риба тогаш се движи кон горните слоеви од водата кои поради влијанието на ветерот се побогати со кислород и со храна.

Во зима, единствено јужниот ветар им е сојузник на робарите, бидејќи носи стабилно и потопло време. Во овој период од годината, ветриштата во сите други правци имаат многу негативно влијаат на зимскиот риболов. Така на пример, северниот и северозападниот ветар се неповолни преку зима, за разлика од што во лето тие се голем сојузник на рибарите.

Искусните рибари добро знаат дека на есен најповолен за риболов е југоисточниот ветар. Секогаш кога ќе заприметат дека на есен дува овој ветер, тоа за нив е добар сигнал за земање трска во рака и успешен риболов.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You cannot copy content of this page