Влијание на ветерот врз дивите свињи

 

Како и сите видови дивеч, дивите свињи се чувствителни на ветер, но не во тој степен како обичниот елен и еленот лопатар. Тие се повеќе погодени од ветерот во шумата отколку на полето. Во шумата, чувствителноста на дивите свињи не зависи толку од јачината на воздушната струја колку од шумовите предизвикана од кршење гранки и гранчиња. Бидејќи дивите свињите не гледаат добро, тие повеќе се плашат од опасностите кои можат да произлезат од оваа појава. Во присуство на разни звуци, тешко им е да го слушнат приближувањето на некој непријател.

 

Дивите свињи се интелигентни

Познато е дека дивите свињи се едни од најинтелигентните видови дивеч. Тие со сигурност можат да учат од стекнатото искуство. Тоа го потврдува и фактот што крдата во полето се многу слабо вознемируваат дури и од пресилниот ветер. Во пченицата, пченката и компирот, тие се чувствуваат многу безбедно. Толку сигурни што среде бел ден одат наоколу барајќи храна. Меѓутоа, овој спокој исчезнува кога одат да се хранат на полињата за дивеч, таму каде што се ловат и имаат горчливо искуство. Дивите свињи всушност на храната и приоѓаат многу внимателно, но остануваат скриени кога имаат и најмало сомневање дека има човек во близина.

Кога дува силен ветер, тој се често ја менува насоката и предизвикува несакано струење во сите насоки, а свињите штом намирисаат нешто се смируваат во густишот и наеднаш завладува тишина. Во ваква ситуација, ловџијата може слободно да ја напушти пусијата или чеката и да си оди дома. При силни ветрови нема смисла да се чека дивечот.

Ниту мирното време без ветер, често не е најсоодветно. Само човекот со своите ослабени сетила мисли дека работите се поволни ако ветерот дува рамномерно и доаѓа од една насока. Всушност, таквото мирното време без ветер е многу непредвидливо и може да залаже. Се состои од издигање и паѓање на воздушни струи на речиси незабележливи вртлози кои го менуваат правецот и нè издаваат, дури и ако се наоѓаме на многу високо и затворено место.

 

При лов со погон ветерот нема значење

При лов со погон на диви свињи, ветрот не игра многу значајна улога, особено кога се лови со добри кучиња кои постојано лаат. Ветерот може да биде било каков, но помладите диви свињи секогаш ќе бараат патека кон блиските грмушки без разлика на насоката на ветрот. Но, тоа нема да биде случај со стар и искусен вепар, па дури и со стара дива свиња, која не паничи ниту од најдивата глутница кучиња и трча право спроти ветрот, што и да се случи. И веднаш штом ќе помирисаат човек, го менуваат правецот. Сега веќе не можат никако да се истераат од грмушките или пак ќе излезат од нив на такво место каде што никој не ги очекува. Во такви случаи, чекачите мора да бидат поставени и на спротивните насоки на терањето на свињите, што често не е случај и е причина за неуспеси.

Сепак, мора да бидеме свесни дека потребни се многу години за човек да стане помудар од искуството.

Може ќе ве интересира: Свинска чума

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You cannot copy content of this page