Влијание на должината на цевката на прецизноста на карабинот

 

Кратката цевка сама по себе на подразбира и паѓање на прецизноста и употребливоста на ловните карабини на поголеми далечини. Далеку поголемо влијание има прецизноста на обработката на устата на цевката и квалитетот на самото оружје

 

Секогаш кога ќе се појавам на лов со карабинот со куса цевка, со должина од 50 сантиметри, понекој од ловџиите ми соопштува дека таквиот карабин изгледа многу убаво, но никако не може да биде прецизен и дека на далечини поголеми од 100 метри сигурно ќе дојде до “тумбање“ на зрното. Колку ваквите приказни се базираат на факти покажува следниов тест на групата на погодоци, од истиот карабин, но секојпат цевката е се пократка.

 

“Робар“ како “жртва“

 

За тестирањето е користена исклучително квалитетна снајперска пушка на фирмата “Робар“. модел СР60-Р2 во моќниот калибар .300 Win. Магнум, изработена врз база на познатиот и реномиран карабин Ремингтон 700.

Цевката, во почетокот долга 60 сантиметри, инаку еден од најквалитетните производи на светскиот Пазар, е изработена од фирмата “Ли“. Посебно внимание и е посветено на “круната“ на цевката која е обработена според спортските стандарди, нормална на оската на устата на цевката, за да се добие оптимално “опструјување“ на барутните гасови околу задниот дел на зрното, при излегувањето на проектилот од цевката. Кундакот на пушката е стандарден производ на “Робар“, со подесива образина кој повеќекратно се докажал во пракса. За да се обезбедат оптимални услови за тестирање, користена е и врвна оптика. Избран е “Леуполд“-овиот модел Long Range M1, co зголемување од 6,5-20 пати, и со вредност на еден чекор на подесување 6,3 mm телото на оптичкиот нишан има дијаметар од 30mm, а растојанието од окуларот до окото при пукањето е 10 сантиметри. Тежината е голема, дури 650 грама. Интересно е дека кај овој оптички нишан, механизмот за подесување е отворен, така што е можно фино подесување на точката на погаѓање на стрелиштето, исто како и промена на далечината на која е ректификувана оптиката без никаков алат, за само неколку секунди.

 

Со кратење на цевката до 40,5 cm се доби една исклучително кратка пушка, згодна за носење и низ најгустите грмушки, а притоа ниту енергијата на проектилот, а притоа ниту енергијата на проектилот, ниту прецизноста не се за занемарување

 

Зголемувањето од 20 пати, секако преголемо за било каква теренска употреба на оптичкиот нишан. Освен кај калибрите 338 Лапуа или 50 Браунинг. Ho, на стрелиште, за ваков вид на тестирање е просто идеален.

Монтажата секако со својот квалитет треба да ја прати оптиката, предвидувајќи во својот дизајн компензација на паралаксата, така што ја овозможува употребата на комбинацијата пушкаоптика и на големи далечини.

На муницијата исто така и е посветено посебно внимание. Неколку видови на фабричка прецизна муниција се тестирани со полната должина на цевката, за да се установи која од нив со оваа пушка дава најмала група на погодоци. Конечно е избрана муницијата Блек Хилс со ЈНР зрно (Jacketed Hollow Point) од 190 грејни (123 грама). Во текот на тестирањето не е водено сметка дали со поинаква должина на цевката и со поинаква елаборација на муницијата ќе се остварат помали групи на погодоци.

 

Тестот ги демантира “стручњаците“

 

Самото тестирање се протегна на поголем временски период: беше потребно да се испита прецизноста на пушката, потоа да се скрати цевката, повторно да се обработи устата на цевката на најоптимален начин, да се начекаат истите временски услови, за тестирањето да се повтори со новата должина на цевката. Секој пат, цевката беше кратена за по 5 cm. Се додека крајната должина на цевката не изнесуваше 40,5 cm, што е за 0,3 mm подолго од минималната со закон пропишана должина на карабински цевки во САД. Цевката со должина од точно 40 cm би дала порамномерно распоредени погодоци, но законот кој ја регулира должината на цевката на оружјето е федерален и казните за негово прекршување се исклучително строги.

Тестирањето се разбира е изведено со потпирање, со поставување на вреќичка со песок под крајот на кундакот за да се добие дополнителна стабилност. Секој пат е гаѓано со по пет групи од по пет куршуми.

Веќе самото мерење на брзината на зрната даде интересни резултати.

 

Должина на

Цевката (cm)

Група во cm на Брзина

(m/s)

Губиток

(m/s)

90 метри 180 метри 270 метри
60 1,5625 3,125 5,9375 0,9042 0
55 1,25 3,125 2,65625 0,8811 23,1
50 2,5 2,8125 4,375 0,8481 33
45 1,875 3,125 4,375 0,89397 35,4
40,5 1,25 5,3125 5,625 0,8001 12,6

 

Разликата во брзината на проектилот од најдолгата цевка од 60 cm и најкратката од 40,5 cm е само 105 метри во секунда. Co зрното од 12,3 грама, брзината на зрното од најкратката цевка е 802 m/s што е скоро идентично со зрното во калибар .30-06 истрелано од цевка со должина од 60 сантиметри. Зрното од 11,7 грама на .30-06 има почетна брзина од 810 m/s. За споредба: истото зрно во калибарот .308 Winchester има почетна брзина од само 720 m/s.

 

Цевката на “Робар“-овата снајперска пушка SR-60 во калибар .300 Win. Magnum, во текот тестирањето е скратувана од 60 до 40,5 cm

 

Еден поглед на табелата ќе ни покаже дека прецизноста малку се менува на сите далечини, без оглед на должината на цевката. Дури се забележува и мало намалување на групата на погодоци кај пократките цевки, што се должи на зголемувањето на крутоста на цевката, поради намалувањето на нејзината должина. Бидејќи во табелата се дадени дијаметрите на најголемите групи, поединечните поголеми групи се грешка на испитувачот. Таква грешка е воочлива на 90 метри со цевка од 50 cm, каде групата е двапати поголема отколку групигте со другите должини на цевката, додека на далечина од 180 метри, дијаметарот на групата со оваа должина на цевката е помал отколку повеќето други дијаметри.

Ист е случајот и со групата постигната на 180 метри со цевка од 40,5 cm, каде најголемата група на погодоци е идентична со групата на погодоци на далечина од 270 метри со истата цевка.

 

Прецизен и на километар

 

Многу е интересна и големината на групите. Секој би посакал пушка која на 90 метри (100 јарди) има група на погодоци од 12,7 mm и само 31 mm на 270 метри ( 300 јарди), а токму вакви групи се остварени со цевка со должина од 40,5 cm, која според повеќето “стручњаци – коментатори“ од домашните ловишта, никако не може да биде прецизна на далечини поголеми од 80-100 метри.

 

После секое скратувања на цевката потребно беше повторно да се обработува устата на цевката

 

За да се провери прецизноста на пушката со кратка цевка и на големи далечини, изведено е гаѓање на метални гонгови со дијаметар од 60 сантиметри на далечини од 1000 метри. После ректификацијата на оптичкиот нишан, секој погодок завршуваше во гонгот, што уште еднаш потврдува дека намалувањето на должината на цевката не влијае на прецизноста на оружјето.

Пушката, на крајот на тестирањето изгледаше многу интересно: вкупната должина изнесуваше само 92,5 сантиметри. Единствено поткундакот не беше скратуван, така што не е пропорционален за толку кратката цевка (но тоа е козметички детал н.з. ). На пушката и понатаму е монтирана Леуполдовата оптика, без оглед на тоа што помал оптички нишан би бил попримерен за вака мала пушка. Без оглед на се, добиена е извонредно компактна, кратка пушка, чија должина во никој случај нема да претставува пречка во носењето и низ најгустите грмушки, притоа ниту енергијата на зрното, ниту пак, прецизноста не се за потценување. Енергијата може да се спореди со енергијата на куршумот .30-06, со кој нашите ловџии успешно ловат и најкрупен дивеч.

Па, уште малку и би можела да биде третирана како кратко оружје. Се надеваме дека овој тест конечно ќе помогне да им дојде крај на уврежените заблуди дека кусата цевка автоматски значи и пад на прецизноста и употребливоста на ловните карабини на посериозни далечини. Многу поголемо влијание има прецизноста на обработката на устата на цевката, а за квалитетот на оружјето и да не зборуваме.

 

Преземено од “Guns & Ammo”

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You cannot copy content of this page