Верверица (Sciurus vulgaris)

 

Црвената верверица или Евроазиската црвена верверица (Sciurus vulgaris) е еден од видовите на верверици. Европските верверици се глодари сештојади кои што живеат на дрва. Тие се раширени на просторот скоро на цела Евроазија, меѓутоа во Британија популацијата на оваа верверица драстично е намалена како последица на внесувањето на сивата верверица од Северна Америка.

 

Верверица (Sciurus vulgaris)

 

Систематика:

Царство: Animalia
Тип: Chordata
Класа: Mammalia
Ред: Rodentia
Фамилија: Sciuridae
Род: Sciurus
Вид: Sciurus vulgaris  Linnaeus, 1758

 

Опис

Црвената верверица има типична должина на главата и телото од 19-23 cm, и на опашката 15-20 cm, тежина од 250/340 gr. Не е полово диморфна, т.е. мажјаците и женките се со иста големина. Се смета дека долгата опашка им помага да ја одржуваат рамнотежата и правецот при скокање и качување по дрвата, а и се покриваат со неа за да се загрејат додека спијат. Крзното варира според годишните времиња и географски, од црно до црвено. Долната страна им е секогаш посветла до бела. Крзното го менуваат два пати годишно, од потенко летно во подебело зимско и со подолги влакна на ушите.

Како и сите верверици, има остри свиени канџи со кои се качува и симнува од стебла, тенки гранки, па дури и ѕидови од куќи. Силните задни нозе и овозможуваат да прави долги скокови помеѓу дрвата. Исто така, знае и да плива.

Верверица Sciurus vulgaris

 

Репродукција и смртност

Парењето настанува или во доцна зима (фебруари-март) или во лето (јуни-јули). Женката може годишно да одгледа до две легла. Во секое легло се раѓаат по три до четири млади, иако се забележани и случаи со по шест. Бременоста трае 38-39 дена. Младите ги чува мајката, бидејќи се раѓаат беспомошни – слепи и глуви, и тежат околу 10-15 gr. Крзното на младите им израснува до 21 ден, очите им се отвораат по 3-4 недели, а забите им растат до 42 ден. После тоа младите верверици можат да јадат и тврда храна, и го напуштаат гнездото во потрага по храна, но се враќаат да цицаат кај мајката додека не достигнат возраст од 8-10 недели.

За време на парењето мажјаците ги откриваат женките кои се во овулација по мирисот, и иако нема додворување, мажјаците ги бркаат женките и по цел час пред сексуалниот однос. Обично повеќе мажјаци бркаат една женка, се додека доминантниот мажјак, обично најголемиот во групата, ќе има сексуален однос. Мажјаците и женките се парат повеќе пати со различни партнери. Типично, женката е сексуално зрела во втората година од животот.

Животниот век на црвената верверица изнесува во просек 3 години, некои индивидуи може да достигнат и 7 години, дури и 10 во заточеништво. Преживувањето е поврзано со достапноста на храна во зима, во просек 75-85% од младите умираат во текот на својата прва зима, а смртноста е 50% за секоја зима после првата.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.

You cannot copy content of this page