Вепар заразил 15 луѓе со трихинелоза во Бугарија

 

Со серија написи за билеститен а дивечот, на нашите ловци сакам да им ја потенцирам опасноста од заразните болести на дивечот, кои не само што се опасни за самиот дивеч, туку тие може да бидат доста непријатни и за луѓето. Во прилог на тоа го пренесувам текстот за појава на оваа заразна болест во нашиот источен сосед.

Во соседна Бугарија, како што известуваат тамошните медиуми, вепар заразил со трихинелоза 15 души во околината на Пловдив. Здравствените инспектори се во потрага по останатото месо од дивеч, за да го уништат и спречат дополнителни зарази.

Заразувањето со трихинелоза се случило преку консумирање на заразено месо од дивеч – вепар и домашна свиња. Од минатата недела во одделот на тамошната инфекциска  клиника биле сместени 15 лица заболени од трихинелоза, жители на околните села на Пловдив.

Станува збор за две епидемиски жаришта исто времено, што е редок феномен како што велат тамошните лекари. За едното жариште се смета дека е од домашна свиња, додека другото од дива свиња.

Третманот на трихинелоза е индивидуален и може да треа од 10 дена до две недели, па и повеќе. Од клиниката испратиле официјани пораки до овластените служби за оземање на останатото месо и производи.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You cannot copy content of this page