Унгарска вижла

 

Унгарската вижла е раса на кучиња која е наменета да помогне при лов на ситен дивеч како што се фазани и зајаци. Со текот на времето, поради неговата добра природа, се повеќе започнува да се одгледува како семејно куче.

Историски податоци за оваа раса кучиња може да се најдат и во записите кои датираат од пред неколку векови, каде опишаните кучиња биле користени за слична намена и кога биле многу слични по структура и боја. Во развојот на расата учествувале и германски птичари и едно време турски ловечки кучиња.

Со текот на времето, ловџиите на терен развиле два вариетети кои на крајот биле препознаени како различни раси:

  • унгарски кратковлакнеста вижла (FCI 57) и
  • унгарски оштровлакнеста вижла (FCI 239).

Главната разлика меѓу нив е должината на влакното. Тие се во седмата група FCI каде се птичарите и сетерите.

 

Темперамент

Ungarska vizla

Унгарската Вижла е раса која има високо ниво на енергија кај кучињата, тие се и лојални, грижливи и нежни. Тоа се кучиња кои бараат од сопствениците да им обрнат внимание, а доколку тоа не го добијат со цвилење и умилкување ќе им дадат до знаење дека тоа им недостига.

Не се агресивни кон непознати, но со лаење најавуваат кога некој непознат ќе се појави во дворот. Добро се навикнуваат на семејниот живот и се нежни со децата. Може да се навикнат на домашните миленичиња како мачки и слично доколку живее со нив, но нема да ја пропушти приликата да ги лае и напаѓа другите миленици кои се непознати. Добро се согласува со други кучиња, иако може да има проблеми со некои мажјаци кои се претерано доминантни.

За да можат кучињата да се однесуваат добро, потребна им е голема физичка активност. Не би можело да им се препорача да престојуваат во стан, претпочитаат куќа со двор во која можат слободно да се движат. Доколку не се посвети доволно внимание на активностите, Унгарската Вижла може да стане деструктивна, што воопшто не е добро.

Една карактеристика која особено се истакнува кога се во прашање кучињата од оваа раса, а тоа е што сакаат што е можно повеќе да бидат со својот сопственик.

 

Општи карактеристики

Иако се развиени два типа кои дури се сметаат за посебни раси, Унгарската Вижла има голем број на карактеристики кои се универзални. Станува збор за робусни кучиња, на изглед слаби, но со јасно дефинирани мускули. Унгарската Вижла има општ изглед кој е карактеристичен за повеќето раси на птичари.

Има благороден изглед на главата, при што черепот е широк и малку испапчен. Унгарската Вижла има боја на очи која е потемна од бојата на влакното. Ушите се поставени така што висат и имаат форма што може да се опише како заоблена буква „V“. Ушите треба да бидат свртени кон лицето и не треба да бидат месести.

Грбот е исправен, краток и мускулест, додека градите се долги и длабоки во добри пропорции со другите делови од телото. Слабините се широки, а стомакот е малку подигнат.

Бојата на влакното е еднобојна, темно жолтеникаво-кафеава. Може да се појави во неколку различни нијанси, но појавата на темни или бели ленти, како и светло жолта или темно махагони црвена боја се смета за голема мана и таквите кучиња се исклучуваат од одгледувањето. Помали бели ознаки се дозволени на градите и шепите.

Повремено може да се слушне дека Унгарската Кратковлакнеста Вижла не поднесува постудено време и дека тоа лошо влијае на ловот. Ова едноставно не е точно, тие толерираат постудено време како и другите птичари со кратко влакно (понтерите на пример). Оние кои сакаат да бидат сигурни дека кучето секогаш ќе работи, за да бидат мирни, тука е Унгарската Оштровлакнеста Вижла.

Со својот изглед и боја на влакно, понекогаш може да се замени со Родезискиот Риџбек.

 

Унгарска Кратковлакнеста Вижла

Влакното треба да биде густо, кратко и добро да прилегнува. Стомакот треба да биде помалку влакнест, а ушите да имаат пократка и свиленкасти влакна. Влакната на опашката треба да бидат малку подолги.

Ungarska vizla

Бидејќи селекцијата на оваа раса траела подолго, била постигната стабилност во поглед на изгледот. Единствени отстапувања може да се очекуваат само во бојата на влакното. Тука треба да се внимава да не се користат кучиња со сива или темно кафеава боја при одгледување, бидејќи тоа води до дисквалификација.

Унгарската Кратковлакнеста Вижла преку селекција е добро приспособена за потребите на ловот, добро се согласува со другите кучиња, не го напушта видното поле на ловецот и што е многу важно добро ги поднесува сите услови со кои може да се соочи при пребарување на теренот или при носење застрелан дивеч.

 

Мажјаци:

  • Тежина 20-30 kg
  • Висина 56-64 cm

 

Женки:

  • Тежина 18-25 kg
  • Висина 53-61 cm

 

Унгарска Оштровлакнеста Вижла

Унгарска вижла

Оваа раса се развила на терен како резултат на тоа што Унгарската Кратковлакнеста Вижла се користела на потешки терени и поостри временски услови. Зачувани се сите позитивни карактеристики на расата, со тоа што Унгарската Оштровлакнеста Вижла е покриена со средно долго влакно, од каде доаѓа и името.

Подобро ја поднесува работата во ридските предели каде теренот е покриен со големо количество грмушки и шикари, како и апортирање на застрелан дивеч од вода при постудено време. Што се однесува до распространетоста, таа е значително помалку застапена во однос на кратковлакнестата раса.

 

Мажјаци:

  • Тежина 20 – 29 kg
  • Висина 58 – 64 cm

 

Женки:

  • Тежина 18 – 25 kg
  • Висина 55 – 58 cm

 

Обука за лов

Кога станува збор за обука, Унгарската Вижла е нешто поспецифично куче. Нагонот да се бара дивеч и да се донесе откако ќе се застрела е многу изразен. За време на ловот без некои проблеми работи на земја и во вода, а тоа подразбира пребарување на теренот и донесување на застреланиот дивеч.

Ungarska vizla

Подготвеноста за работа на терен е фантастична, лесно ги надминуваат пречките на кои наидуваат. За време на ловот, тој има многу добро дефинирана потреба да ја чува опрема за лов и пленот, и добро се согласува со другите кучиња. Во голем број на случаи, тие не се оддалечуваат премногу од ловџијата кога го пребаруваат теренот, што некои ловџии го наведуваат како одлична карактеристика.

Сепак, за разлика од повеќето континентални птичари кои се користат за време на лов, оваа раса бара полесен пристап. Секоја грубост или казна на кучето ќе има многу лошо влијание врз неговото понатамошна обука и на крајот ќе биде контрапродуктивно. Обуката треба да започне навреме, прво основна обука, а потоа постепена обука за лов. Со оглед на тоа што не се погодни за било каква прекумерна употреба на сила, доколку не започнете во раниот период со дресура, подоцнежната обука е значително потешко да се изведе на квалитетен начин.

Тренирањето на женките е генерално полесно и тие се попослушни при лов или прошетка, но тоа не е карактеристика само на оваа раса. Оваа особина важи за сите, воглавном за сите раси, бидејќи машките кучиња најчесто се трудат да бидат „алфа“ или што е можно поблиску до таа положба.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You cannot copy content of this page