Уапсени ловџии за од Македонски Брод за незаконски лов

Одделението за внатрешни работи од Македонски Брод приведе повеќе лица за незаконски лов. Од Министерството за внатрешни работи информираа дека по претходно добиени оперативни сознанија и врз основа на судска наредба, на 08.10.2020 година во периодот од 6 до 11 часот извршен е претрес во домовите и помошните простории на лицата И.Б.(65), М.Б.(37), С.Б.(33) во село Долно Крушје општина Македонски Брод.

При претресот, како што соопшти МВР, кај осомничените биле пронајдени и одземени поголема количина месо од бесправно уловен дивеч, еден ловен карабин калибар 7.9 mm, една ловечка пушка едноцевна Руска, една ловечка пушка Руска букерица ИЖ 27 ЕМ калибар 12 mm., 130 парчиња муниција 7.9 mm х57, 13 парчиња муниција 8х57, две парчиња муниција 7.9х57, осум парчиња муниција 7,62х51 и 14 патрони за ловечка пушка калибар 16 mm.

Врз основа на судска наредба од страна на МВР бил извршен претрес и во домот и помошните простории на лицето Б.Б.(80), а се во владение на неговиот син Д.Б.(53) во село Долно Крушје каде биле пронајдени и одземени ловечка пушка двоцевна Руска калибар 16, поголема количина месо од бесправно уловен дивеч и 42 парчиња патрони за ловечка пушка калибар 16 mm.

Од МВР информираат од слобода биле лишени М.Б.(37) и С.Б.(33) и биле задржани во Одделението за внатрешни работи Македонски Брод. По целосно документирање на случајот против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You cannot copy content of this page