Трихинелоза

 

Трихинелозата е болест од која покрај дивечот, оболува и човекот. Тоа е болест предизвикана од ембрионите на Тrihinellа spiralis за време на нивната миграција од цревата на човекот во мускулите, а пропратена е со висока температура, јаки болки во мускулите, отекување на лицето и веѓите и еозинофолија (зголемен број на бели крвни зрнца – еозинофоли кои се знак за присуство на паразити во телото).

Трихинелите се ситни црви кои потсетуваат на влакно (грчки tricino = влакнест), а живеат исклучиво паразитски живот во цревата и мускулите на многу месојади  и сештојади. На човекот може да премине видот Trichinella spiralis (Owen, 1835.), и да предизвика трихинелоза. Раширена е по цел свет, а посебно во краевите каде се јаде свинско месо. Останатите видови кои се наоѓаат во дивата природа далеку од човекот немаат значење за хумано-медицинска паразитологија. Таа била откриена при обдукција, како ситна ларва во мускулите на почината особа. Во тој стадиум ја опишал Owen во 1835 година и ја нарекол Trichina spiralis.

 

Етиологија и епидемиологија:

Причинителот на трихинелозата, Trihinella spiralis, може да се развива само кај цицачите и тоа кај масојадите и сештојадите. Според тоа од трихинелоза заболуваат кучињата, лисиците, мечките и јазовците, како и  свињите и глувците кои се нејзини главни домаќини. Бидејќи глувците се канибали и се јадат едни со други, трихинелата се пренесува од глушец на глушец, а глушецот може да се зарази и од заразените отпадоци од свинско месо.

Свињите се заразуваат јадејќи заразени глувци или хранејќи се од одпадоци од свинско месо во каланиците и т.н. Најважната етиолошка улога за развој на трихинелозата има трихинелозното свинско месо, сушено, недоволно смрзнато (-15˚ C преку три недели или нагло смрзнување на – 37˚C ја убива трихинелата) или недоволно печено, особено колбасици и шунка.

Отпорноста на мускулните трихинели во месото, колбасите или телата на починатите животни е различна и зависи од начинот на нивното чување. При температура 70°C тие умираат за кратко време, при -10°C по неколку недели, а при -30°C за 4 дена. Во телата на починатите животни издржат до 3-4 месеци.

Болеста кај човекот се јавува повремено или во епидемии. Најчеста е во САД но ја има и во други краеви на светот. Кај нас се јавува повремено или во помали епидемии. Човекот се инфицира при консумирање на сурово, сушено или недоволно термички обработено месо од диви и домашни свињи, јазовци, мечки, нутрии и др. месојади и сештојади животини. Кај него цревните трихинели предизвикуваат воспаление на цревната слузница. Мускулните трихинели предизвикуваат крварење, воспаление и дегенерација на мускулните влакна.

Trichinella spiralis е паразит со избраздена мускулатура. Возрасните трихинели се краткотрајни жители на тенкото црево. Тенки се како конец, мажјаците се долги од 1,4-1,6 mm, а женките се двапати подолги. Се наоѓаат во слузницата, но можат да навлезат и до стомачните лимфни чворови. При конзумирање на заразено месо чаурите на мускулните трихини биваат сварени, и така ослободените паразити проаѓаат во тенкото црево, каде растат и полово дозреуваат. После два дена доаѓа до копулација (парење). Од седмиот ден вивипадните (трудните) трихинели положуваат млади во цревните реси. После тоа женките умираат, додека мажјаците исчезнуваат од цревата уште порано набрзо после оплодувањето.

Една женка може да изведе преку 15.000 ембриони. Ембрионите преку лимфниот пат одат во крвотокот а потоа во избраздената мускулатура каде се свиткуваат и зачауруваат. Зачаурените ларви се многу отпорни, поради можат да останат во живот дури и во соленото и сушено месо на животните, па дури и во недоволно варено смрзнато месо. Во мускулите на човекот може да живее и до 30 години.

Најповеќе се наоѓаат во мускулите за џвакање, мускулите на око и гркланот, меѓу ребрени мускули и дијафрагма. Тука влегуваат меѓу мускулните влакна каде почнуваат да се свиткуваат во чаури. Како страно тело предизвикуваат мускулативно реактивно запаление. Така настанува овална циста издолжена спрема осовината на мускулните влакна, опкружена со воспалени клетки меѓу кои има многу еозинофилни леукоцити.

Зачаурените ларви доколку не ги проголта друг носител пропаѓаат. Во тенкото црево оној кој што ќе ги проголта ќе се раствори циста и од нив ќе излезат ларви кој за неколку саати ќе продрат во слузницата на цревата, каде набрзо се менува и за два дена созреуваат во мажјаци и женки. Оплодените женки почнуваат да положуваат ларви и со тоа се затвара животниот циклус на трихинелата.

 

Развој на болеста:

Прв е интестиналниот (цревниот) стадиум, кој не е секогаш клинички изразен. Почнува по инкубација од 2-7 дена и трае неколку дена. Се манифестира со мачнини, повраќање и пролив, болки во стомакот и потење.

Ако првиот стадиум не е изразен, симптомите на болеста започнуваат во вториот стадиум. Во овој стадиум доаѓа до миграција на паразитот и нивна инвазија во избраздената мускулатура, а како последица од тоа се развива запаление на мускулите. Овој стадиум е карактеристичен со четири главни симптоми: зголемена температура, едем на лицето и капаците, болка во мускулите и висока еозинофилија (преку 60 до 70 % еозинофили). Ако овој стадиум не заврши со смрт, тој преоѓа во стадиум на опоравување кој трае неколку недели до неколку месеци и во чаурите почнува да се насобира калциум. Вака зачаурените трихинели можат во телото да живеат и до 30 години.

 

Едем на очите кај заразен човек

 

Тек и исход на болеста:

Зависи од јачината на инвазијата на причинителот, како и од кондицијата на заразената особа. Според тоа има лесни облици на болеста, кои можат да пројдат незабележано, но и различни степени на тежина на болеста до оние најтешки кои завршуваат со смрт. Смртноста варира измеѓу 5-35%.

 

Дијагноза:

Се поставува на темелите на анамнестичките податоци (кои ги дава пациентот) и клиничките симптоми, карактеристичната крвна слика (еозифилија), а се потврдува со различни лабараториски испитувања. Подоцна, после шестиот до седмиот месец, кога чаурите се калцификувани, болеста може да се дијагностицира со рентгенски преглед.

Поставувањето на дијагноза кај болните животни е можно само преку трихинелоскопирањето мостри од напречно набраздени мускули. За испитување се праќаат мостри од дијафрагма, междуребрени мускули, јазик или џвакање мускулите. За да се избегне контаминација, не се консумира месото на диви свињи, јазовци или мечки, пред месото да е истражено за трихинелоза. Труповите на болните од трихинелоза животни се уништуваат.

 

Терапија:

Сигурен специфичен лек за трихинелоза нема. Со минтезол (вид на лек) може да влијае на интестиналниот стадиум на паразитите, но не е сигурно дека тој делува на енцистираните паразити. Веднаш после консумирањето месо доаѓа во предвид испирање на желудникот. Најважна е негата на болниот, со кој треба да се постапува како и секој фебрилен пациент. Во денешно време се постигнува значително ублажување на симптомите со кортикостероиди.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You cannot copy content of this page