Струмичани тргнале по лисици, застрелале волк

 

Ловџии од ловното друштво “Скоруш” од селото Куклиш по препорака на Министерството за земјоделство тргнале да направат хајка за лисици, но наместо на лисица наишле на глутница волци. И покрај тоа што не ги очекувале, не биле изненадени, па реагирале брзо и успеале да застрелаат еден од нив, пишува Вечер.

– Тоа се случи рано наутро кога учениците заминаа за селото Свидовица. Ние бевме излезени на лов во организација на ловното друштво од Куклиш, бевме на хајка и го застрелавме волкот. Волкот е стар четири-пет години, се гледа дека е голем, вели ловџијата Зоран Темелков.

Неговиот пријател Ѓорги Ковачев вели дека во глутницата имало девет волци.
– Застрелавме само еден. Беше цела глутница, но осум побегнаа, а едниот успеавме да го застреламе, вели Ковачев.

Волците во околината на селото Куклиш не се ништо ново, ловџиите велат дека ги има во голем број, посебно во овој период од годината и прават големи штети, пред се на добитокот.

– Волците прават големи штети. Половина загари во Куклиш ни ги удавија. Пред десетина дена нападнаа стадо овци, додаваат двајцата ловџии.

За само еден месец ловџиите од Куклиш имаат застрелано шест волка, но велат дека нема да застанат на тој број. За да се исчисти теренот од штетниот дивеч, а со тоа и да се намали можноста да им нанесе штета на мештаните, ловџиите најавуваат дека континуирано ќе продолжат со организираните хајки во текот на целата зима.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You cannot copy content of this page