Во оваа прилика нема да пишувам за ловството, туку ќе се задржам само на ловењето на дивеч.
Ловењето е најстарата култура што ја поседуваме бидејки ловот е инстинкт што го наследивме од нашите далечни предци кога ловот не бил ниту страст, ниту забава, ниту спорт како денешниот, туку животна неопходност и преживување.
Денес основното правило кога станува збор за ловењето, е секако ловењето на дивеч кој е дозволен за ловење тогаш кога е дизволен во согласност со закон, прописи и уредби кои го уредуваат начинот на ловење, времето на лавење и местото на ловење.
Кај ловците покрај желбата за ловење постои и совест, односно самосвест на ловецот како поединец за поинаков пристапи и поинаков начин на однесување кон дивечот и природата. Во повеќе наврати ловците тоа го докажале. Во ловната практиката ваквиот пристап на ловците кон дивечот и природата се именува како ловечка етика.
Карактеристики на денешните ловци
Би сакал да напоменам неколку впечатливи карактеристики на денешните ловци. Преовладуваат ловци кои во текот на ловната сезона ловат и ситен и крупен дивеч, но што ќе ловат ловците неможе да се генерализира бидејки одредени ловци се специјализирани да ловат претежно крупен дивеч и ловци кои ловат ситен дивеч. Има и ловци кои одат на лов исклучиво поради своите ловечки кучињата, поважно им е да уживаат во работата на своите миленици, па се друго е во втор план. Меѓутоа, мора да наведам дека ловците од „сите наведени категории“ одат на лов исклучиво за вториот дел од ловниот ден а тоа е познатото дружење на ловците после ловот кое можеби е поважно и од самото ловење.
Искрено, поради ловењето одам на лов, за активен престој во природа, за убаво поминат ловен ден со доста акција, со застрел или без застрелан дивеч, што е составен дел на приказната да се биде ловец. Но вториот дел на тој ловен ден наменет за дружење кое ги зајакнува врските помеѓу ловците, проследено со обилна и превкусна храна приготвена во природа, пијалоци доволно и за секого и ловечки приказни кои најчесто се „филувани“ за самата пригода, што го прави задоволството во ловот. Затоа за ловците кружат приказни дека се хедонисти во храната и пијалоците.
Мислам дека перспективата на ловот се ловците кои сакаат да престојуваат во природа, го сакаат и ценат дивечот и ловот и придаваат посебна важност на природата. Но тука нема да ги споменам „оние другите“ бидејки навистина не им е местото тука .
На крај би сакал да споменан дека наспроти на оваа група ловци постои група на ловци за кои ловот е „статусен симбол“. Но за нив можеби во некоја друга прилика….
Може ќе ве интересира: Ловот е услуга на природата и општеството
Извор: Facebook страна на м-р Војо Гоговски