Српски тробоен гонич

 

Живо и енергично куче со средна големина и робусна конструкција. Телото му е правоаголно со пропорција на должината поголема за 10 % во однос на висината. Јак врат, клинеста муцка малку пократка одколку черепот. Силна вилица со нормални шкарасти заби. Подгризот е дозволен. Очите му се со средна големина со што потемни рабови на очните капаци и зениците (светли очи се елиминирачки фактор). Незе јаки, мускулести и паралелни со еластични и отпорни јастучиња на шепите. Канџите му се црни.

Основна боја му е темно црвена (лисичје црвено) со црн плашт или седло. Црната може да се протега од главата каде што формира црни точки на слепоочниците. Белата звезда на главата и флеката се протегаат од муцката формирајќи комплетно или делумно огрлица околу вратот. Белини се дозволени на градите и можат да се протегаат до крајот на градниот кош досегајќи до стомакот и до внатрешната страна на нозете. Врвот на опашот може да биде бел. Белата боја не смее да зазема повеќе од 1/3 од површината на телото (белини во подвлакното и во основата на влакното се елиминирачки фактор). Влакната му се кратки, обилни, јаки, прилично дебели и добро лежат на телото со подвлакната. Ушите му се високо поставени, со средна ширина и должина, тенки и висат близу до образите. Врвовите на ушите се малку овални. Мажјаците достигнуваат должина од 45 до 55 cm или идеално 51 cm, а женките од 44 до 54 cm или идеално помеѓу 48 и 49 cm.

Тробојниот гонич има исто потекло како и Балканскиот гонич. Во 1964 година е отфрлено мислењето дека оваа раса е само варијација на Балканскиот гонич; доделен му е статус на раса и усвоен првиот стандард. FCI оваа раса ја признал и го објавил стандардот во 1950 година.

 

Serbian Tricolour Hound :: Српски тробоен гонич

 

Матична земја: Србија

 

FCI стандард: 229

FCI класификација:

  • Група: 6 – Гоничи и крвоследници
  • Секција: 1 – Гоничи
  • Подсекција: 2 – Кучиња со средна големина
  • Со работен испит

 

Потекло: Исто како и кај балканскиот гонич, а се одгледува во сите планински делови од бившата држава, а најповеќе во Босна и Херцеговина.

Опис: Куче со среден раст (висина од 45 до 55 cm), со цврста градба и хармонично тело. Главата му е доста долга, муцката црна, со добра шируна, носот  јасно оцртан и секогаш црн, очите му се кафејави или црни, со благ изглед, ушите му се прилепени уз образите, опашот му е рамен или лесно свиткан; бутовите му се мускулести, мекото и цврсто влакно му е густо и сјајно. Секогаш е тробоен: црна (доминантна), црвена или црвенкасто-жолта, и задолжително белини (глава, врат, гради, нозе).

Карактер: Храбар, мирен, добар и приврзан.

Држење: Неговиот одличен нос и познатата упорност го направиле одличен гонич по најтешки терени и во оштра клима.

Користење: Одличен гонич, посебно за лисица и зајак.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You cannot copy content of this page