Слики на преполовени куршуми

 

Фото серијата на Сабине Перлман насловена како “куршуми“ привлече големо внимание. Таа фотографиите ги направила минатиот октомври во бункер од втората светска војна, каде фотографирала куршуми пресечени на половина. Перлман фотографирала вкупно 900 пресеци на куршуми, со што ја документирала комплексноста и убавината која лежи под површината на чаурата.

Таа првенствено била заинтригирана од нејасната природа на предметот. Пресеците ја откриле скриената комплексност и убавина на формата, која е многу спротивна на деструктивната намена на предметот. Тоа е претставување на злото и убавината, одраз на човековата состојба.

Во интервју Перлман го објаснува процесот на фотографирање на куршумите и дава објаснување што се надева дека ќе постигне со овие необични и исклучителни фотографии.

Во ова интервју таа објаснува дека процесот на пресекување на куршумите на половина е опасен за нестручни луѓе. Куршумите биле пресечени од специјалист за муниција кој создал посебна техника за таа цел.

Слики на преполовени куршум

Слики на преполовени куршуми: серијата на Сабине Перлман ја покажа опасната убавина на куршумите

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You cannot copy content of this page