Пролетта во јануари ги прелажало и разбудило мечките

 

Невообичаеното топло, речиси пролетно време во јануари, во Словачка и Полска ги разбудило мечките од зимскиот сон, во Чешка пчелите и крлежите, а ги излажало и некои дрвца да почнат да пупат.

 

Во високите Татри и од полска и од словачка страна туристите ги предупредуваат на внимание поради тоа што пролетното време ги разбудило мечките и некои од нив ги истерало од брлогот и сега лутаат и бараат храна.

Минатиот викенд крај местото Прибилна во Татрите мечка го нападнала еден словачки шумар при што го гризнала за нога, па 26 годишниот словак завршил во болница.

“Кога мечките ќе се разбудат од зимскиот сон поголемиот дел од нив остануваат во близина на своите брлози. Женките со младенчињата не излегуваат од брлогот. Друг е случајот ако во близина има храна, воглавном тоа е онаа храна со која шумарите и ловците во зима прихрануваат други видови на дивеч“, изјавил Ерик Балаж од словечкото здружение за заштита на шумите ВЛК.

Тој предупредил дека мечките иако се нервозни кога ќе се разбудат од зимската хибернација, не го напаѓаат човекот први, а во случај и дојде до напад не им е целта да убијат, па ако мечката има можност да се повлече тоа и ќе го направи.

“Ако почнете да виката, пукате или ја нападне вашето куче, мечката со сигурност ќе се бори“, рече Балаж.

Мечките во Татрите и на полската и на словачката страна се разбудиле воглавном во пониските предели, затоа што често и водата почнала да им продира во брлозите.

“Станува збор пред се за помлади мечки. Во највисоките предели каде сепак е поладно, се претпоставува дека нема да се разбудат од зимскиот сон“, рече главниот ветеринар на Националниот парк во Татрите Јозеф Хиблер.

Во соседната Чешка температурите повисоки од 13 степени над нулата ги измамиле пчелите, а и крлежите кои обично ги нема од крајот на ноември.

“Ако пчелите се разбудат накратко, тоа не е ништо страшно, но ако топлото време потрае подолг период, пчелите ќе ги трошат залихите на храна и тие би им недостасувале на пролет“, рече Мартин Страка од Чешкиот сојуз на пчелари.

Пролетта во јануари, кога не и е времето, ги разбудило од зимската летаргија и растенијата, на пример мовта и некои видови дрвја и грмушки на кои се појавиле папки.

Топлото време во централна Европа според метеоролозите ќе се задржи уште неколку денови, а кон средината на јануари се очекува оштар мраз.

 

Извор: Бета/Нов магазин

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You cannot copy content of this page