Пролетното пребројување на дивечот обврска на добриот домаќин

 

Без реално утврдена состојба нема ни добри планови за стопанисување. Иако пребројувањето на дивечот е обврска на концесионерите на ловиштата и денеска има концесионери кои оваа најважна задача не ја сваќаат сериозно, па на таков начин и му приоѓаат. Броењето на дивечот се наметнува како потреба при планско стопанисување. Сите концесионери на ловишта кои што знааат што значи пребројувањето на дивечот толку се навлезени во оваа проблематика така што е непотребно да се пишува и да се потсетуваат.

Сепак факт е дека има доста од нив кои што на оваа задача не и посветуваат доволно внимание па се наметнува потребата да ги потсетиме тоа да го направат сега кога завршува зимата и кога поминале т.н. зимски губитоци. Ако при тоа успешно ја завршат оваа задача и ако се утврди “вистинската“ бројна состојба на дивечот во ловиштето, тогаш лесно е да се изработат реални планови за отстрел.

На овој начин не би сме доаѓале во ситуација да ловиме “на памет“ поединечни видови на дивеч и да го изловиме она што природата не ни го дала. Во ваква ситуација и најдобрите ловишта за неколку години се опустошуваат па е потребно два или три пати подолг период за враќање во првобитната состојба во однос на бројот на години во кои сме ја намалувале (несвесно) бројната состојба на било кој одгледуван дивеч.

Тука секако треба да се истакне дека помал дел од концесионерите на ловишта оваа задача ја извршуваат на најстручен и најквалитетен начин и дека во секој момент владеат со ситацијата кога е во прашање бројноста на дивечот во нивните ловишта.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You cannot copy content of this page