Поставени GPS Предаватели на Еребици Камењарки

 

Еребицата камењарка според проф.др. Борис Трпков е најубавата птица во нашата држава. Колку е ценета оваа птица во ловството говори и фактот што таа е избрана да биде на грбот од Ловечката Федерација на Македонија.

За разлика од ловечките друштва и Ловечката федерација на Македонија, од Македонското еколошко друштво – МЕД добро се усовршиле во аплицирање и добивање на разни проекти поврзани со дивечот, па на тој начин обезбедуваат средства за финансирање и функционирање на друштвото.

За пофалба е ангажираноста и работата на еколошките друштва на проекти поврзани со дивечот, но факт е дека нивните активности може да влијаат врз ловството и работата на ловечките друштва. Затоа се чини дека:

Ловечката Федерација треба да е малку поактивна во аплицирање и добивање на проекти за дивечот, зашто во спротивно еколозите ќе може да ги наметнат своите сваќања и погледи на ловството и со тоа да им ја креираат иднината на ловџиите.

Може ќе ве интересира: Ловечка Федерација на Македонија, што беше тоа???

 

Поставени GPS Предаватели на Еребици Камењарки

Во рамките на проектни активности на две единки еребици камењарки заловени во националниот парк „Галичица“, поставени им се GPS предаватели. Акцијата на заловување на птиците ја направил тим научници од Македонското еколошко друштво – МЕД, DOPPS – BirdLife Slovenia и НП „Галичица“.

– Статусот на еребиците камењарки на глобално ниво се движи кон засегнат, а кај нас постојат многу малку податоци за нивната екологија и живот. Затоа, истражувањето со помош на телеметрија може да ни обезбеди јасна слика за територијата која ја користат, социјалното однесување на единките, распространувањето, презимувачките локации, како и нивните закани, соопшти МЕД.

Целата акција се одвивала во границите на националниот парк „Галичица“ кај месностите Велестово, Дава Ливада и цирковите под врвот Магаро.

Имајќи на ум дека ова е ловна птица, колку повеќе знаеме за неа толку полесно ќе можеме да направиме добри акциски и мониторинг планови и ефективни конзервациски мерки, наведуваа во инфорацијата од МЕД.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You cannot copy content of this page