Ловечка несреќа која се случила ден пред новогодишната прослава, во утринските часови во близина на струшкото село Октиси, за малку ќе оставела еден ловец без око. Четириесет и двегодишниот Ј.А. од село Октиси бил во лов на дивеч со својот пријател, кога при испукување од неговата ловна пушка, сачмата се одбила од камен и го повредила во пределот на окото.
Повредениот е пренесен во Медицинскиот центар Струга од каде поради сериозноста на повредата е префрлен во Билница Охрид. Се работи на целосно расчистување на случајот.