Поилишта за дивеч

 

Идеално е низ ловиштето да тече река, потоци и поточиња, ако има природни извори, езера и бари. Најчесто има водени површини но тие не се рамномерно распоредени низ ловиштето. Во континенталните ловишта за некои видови дивеч многу добро доаѓа росата, но во медитеранското подрачје е најтешко бидејќи таму има малку водотеци, а летните денови воглавно се без роса. Инаку дивечот преку зелената маса (испаша и брст) добива големи количини на вода.

Поилиштата истотака не можат да се изработуваат било каде. Треба во ловиштето да се одберат најпогодните места каде што природно после дожд се собира вода и таму каде почвата е неводопропустлива и каде што има лад. Често во ловиштето е доволно само да се уреди местото каде што се насобира водата. Поилиштето треба да има водонепропустливо дно што го постигнуваме со циментирање на подлогата, со набивање на иловицата или со цврста пластична фолија. Бреговите на поилиштата не смеат да бидат стрмни туку благо накосени за дивечот да може да пријде и ислезе ако евентуално падне падне во него. Водата во поилиштето не треба да биде топла и нечиста. За да не се загрева водата, поилиштето треба да има засена (најдобро е грмушки и дрвја), а од измет, лисја и слично, потребно е поилиштето редовно да се чисти.

Крупниот дивеч има значително поголема потреба за вода одколку ситниот. Покрај тоа, крупниот дивеч (обичен елен и дивата свиња) сакаат да се валкаат во кал, па ако нема природни калишта, треба да направиме вештачки така што на пониските делови во шумата донесуваме иловица и ја полеваме со вода.

Poiliste za divec

Поилиште во ловиштето “Полаки“ 

 

Поилиштата можат да бидат поголеми или помали, длабоки или плитки. За ситен дивеч можат да послужат и помали поилишта, но за крупниот дивеч поилиштата треба да бидат поголеми. Поголемите и подлабоките поилишта ја имаат таа предност што водата не се загрева и не се загадува толку брзо.

Ако во ловиштето нема поилишта, дивечот мигрира во други ловишта. Растојанието од едно до друго поило не би требало да биде поголемо од 1 км, а бројот на поилата зависи од бројот на дивечот.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You cannot copy content of this page