Подпечено диво свинско месо во сос

 

Состојки:

  • околу 2,5-3кг. месо од дива свиња
  • 200мл. винска киселина
  • 200мл. црно вино
  • 1 главица со средна големина кромид
  • 9-10 чешниња лук
  • 3 моркови
  • 1 пашканат
  • малку од коренот од целер
  • 5-6 ливчиња ловоров лист
  • по потреба црна пипер во зрно
  • по потреба сол
  • по потрена мешан сув зеленчук, мелен црн пипер
  • 1 коцка за супа
  • 1 лажица сенф
  • неколку кисели краставички
  • 2 лажици брашно
  • 200-300гр. чадена сланина
  • 1 тегла печурки
  • малку масло

 

Подготвка:

Ова за подготвока е средно тешко јадење. За подготовка се потребни повеќе од 3 часа.

Свежото месо убаво измиено се остава во вода и киселина да одстои најмалку преку ноќ.
Пред да се готви повторно се мие и се става еднаш да зоврие во вода. Се фрла таа вода. Се налева чиста вода и се додава виното, кромидот исечен на четвртинки, лукчето (6-7 чешниња), морковите исечкани на поголеми парчиња, исто пашканатот и целерот, ловоровите ливчиња (3-4), црната пипер во зрно, а штом зоврие течноста се додава солта, по вкус, околу 1 супена лажица, рамно полна, внимаваме да не ставиме многу – да пресолиме, бидејки се додаваат подоцна и др. состојки кои се солени.

Се вари додека омекне месото. Времето е подолго, за разлика од варењето на другите видови месо.

Кога е сварено ги редиме парчињата месо во ростер тава, налеваме со дел од таа вода во која се вареше месото, а додаваме и чиста (бидејки можи да ни дојде сосот многу мрсен). Вода да има околу два прсти во тавата. Морковите ги префрлуваме, а другиот зеленчук го пасираме и додаваме. Додаваме 1 лажица сенф, неколку кисели краставички исечкани на ленти, уште 3-4 чешниња лукче, 2-3 ловорови ливчиња и претходно пропржената сланина и печурки (мрснотијата ја зачувуваме за подготовка на запршката). Во водата по желба ставаме и 1 коцка за супа-телешка, а и не мора. Местото го наросуваме со мешан сув зеленчук и мелен црн пипер. Ставаме во загреана рерна на 200 степени да се подпече месото од едната страна.

Потоа го вртиме и од другата страна, исто го зачинуваме и сега ја додаваме запршката која сме ја направиле од 2 лажици брашно пропржени (на маснотијата во која пржевме) додека порумени и го додаваме во течноста. Убаво изедначуваме и пробуваме за вкус. Ако има потреба зачинуваме. Враќаме во рерна да се подпечи и другата страна на месото, а и сосот прокрчка и добие убаво на густина…

На здравје!

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You cannot copy content of this page