Проелм со кучиња скитници во ловиштата (Предупредување, вознемирувачка содржина)

 

Иако немаме навика да објавуваме ваква содржина, за жал ова е уште еден крик за да се реши проблемот со кучињата скитници во ловиштата.

Се почесто граѓаните во урбаните делови се жалат дека се жртви на напади од кучиња бездомници, кои во последно време ги има се повеќе и стануваат се поагресивни. Ако случајно некој граѓанин се обиде да се одбрани самиот или семејството и при тоа да удри некое куче скитник, т.н. „Здруженија за заштита на животните“ од тоа прават сензација и го ставаат на „зидот на срамот“ тој граѓанин.

Но не се жртви само недолжните граѓани, туку и дивите животни во своите живеалишта. Веќе подолго време ловџиите алармираат на проблемот со кучињата скитници во ловиштата, но по се изгледа проблемот само се продлабочува. Единствено решение за тоа е донесување на прописи и законски мерки кои ќе им овозможат на корисниците на ловиштата да го заштитат дивечот, но и да ги санкционираат несовесните сопственици.

На кучињата скитници, односно оние без надзор на сопственикот не им е местото во природата !!!

Штетите кои секоја година ги предизвикуваат врз дивечот се огромни, но исто така видливи се и кај оние диви животни кои не се ловат.

Емпатијата на некои здруженија за заштита на животните пе се изгледа е само перење мозок.

Системот „Не можам да те убијам, но можам да те оставам сам да се снајдеш“ има големи последици по луѓето и дивечот во природата. Кучињата скитници често завршуваат во ловишта.

Kucinja skitnici

Ловџиите низ ловиштата сретнуваат неубави сцени на последиците од кучињата скитници во ловиштата. До нас дојдоа фотографии на срни кои настрадале од каснување од кучиња скитници, и двете срни биле гравидни со по два фетуси.

Жал ни е што објавуваме вакви фотографии, но кај нас навистина револтот е голем од последиците врз дивечот кој го предизвикуваат кучињата скитници.

srncinja

Ловечката федерација во иднина треба посеризно да се заложи за решавање на проблемот со кучињата скитници во ловиштата.

Од друга страна, т.н. Здруженија за заштита на животните треба својата грижа да ја преточат и во дела, па преку конкретни чекори да се погрижат за кучињата скитници и со тоа да го заштитат дивечот од нив.

Сепак таквите здруженија имаат и одговорност кон општеството.

Ако со своите кампањи создаваат одреден проблем, тогаш мора активно да се вклучат и во решавање на проблемот, но и во санирање на последиците кои ќе произлезат од проблемот.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You cannot copy content of this page