Состојки:
За печење:
- парче дива свиња (околу 2,5 kg)
- една лажица сало
- една лажица сол
- Ловоров лист
- 2,5 dcl црвено вино
- чаша вода
За прилог:
- 4 до 5 јаболка
- 2 лажици рендан ѓумбир
Подготовка:
Парче месо од дива свиња посолете го убаво, премачкајте го со свинска маст и додајте ги другите состојки од кои е составена маринадата. Сè заедно ставете во плех и оставете го во фрижидер преку ноќ. Се пече поклопено во рерна на 150 ºC околу 3 часа со неколку вртења и преливање со течноста од печењето.
Потоа покачете ја температурата на 180 ºC и печете уште еден час. Сочноста и мекоста на свинското месо може да се тестираат со забодување игла во месото. Месото од дива свиња е суво и посно, затоа треба полека да се пече во течноста за да не се исуши.
Половина час пред крајот на печењето, во плехот покрај печеното месо ставете издлабените јаболка полни со ѓумбир и вратете ги во рерната.
Послужете на даска со димено сирење.