Овчарот и волкот

 

Приказнава која ја најдов пред некое време  остави на мене многу силен впечаток. Не знам кој е авторот, па затоа ќе ја раскажам онака како што ја слушнав.

Еден ден еден стар овчар, кој преку 70 години чувал овци го запрашале новинари:

 

–   Дали можете да ни раскажете нешто посебно што ви се случило за толку долг период?

Причина, зошто новинарите воопшто дошле било тоа што државата одлучила на овчарот да му додели почесна пензија за неговиот 80 роденден, затоа што поштено ја извршувал својата работа седум децении, а немало друг основ по кој би можел да добие заслужена пензија, затоа што не бил никаде пријавен, на платен список на некое претпријатие.

Старецот од почеток се бранел, дека тој е обичен овчар и веќе му било непријатно што воопшто дошле оние кои ни во сон човек не би се понадевал, а камоли да пишуваат за него во весници за кои тој како неписмен знаел само дека постојат. Новинари како новинари, нападни како оси не сакале туку така да си одат, па на крај старецот попуштил и ја започнал својата приказна.

Тој имал многу обични приказни, кои биле за обичните луѓе и кои можеле да им се раскажуваат покрај огин на децата, едноствно сметал дека тие се излишни. И тогаш почнал да раскажува:

 

Приказна за овчарот и волкот

Ovcarot i volkot

Кога имав дваесет години, во шумата најдов мало слабо кутренце. Така мало ми се бендиса, па едноставно го земав со себе без размислување. Веќе после неколку дена го засакав . Секаде го носев со себе, делев со него онолку колку имав. Малечкото добро напредуваше.

Но селаните постојано ме задеваа дека тоа е волк и дека треба да го убијам затоа што ќе се случи нешто лошо. Како можев да ги послушам кога ми прирасна за срце. Кучето стана силно, големо, и кога понекогаш ќе заборавев нешто во селото, слободно го пуштав, ќе му речев тоа сам да ми го донесе. За момент ќе ме гледаше право во очи, како да бара на некој друг начин, а не со зборови да разбере што сум му рекол. Тоа беше многу паметено куче и ми помагаше во чувањето овци.

Едно касно летно попладне, небото некако притисна. Беше ведро, но воздухот беше тежок, како да се спремаше да заврне. Влегов во планинската колиба, во која беше и трлото за овци кои тука пладнуваа во сенката на неколку стебла. Штом легнав на креветот, очите веднаш ми се склопија. Беше спарно.

Не знам колку долго лежев, кога нешто ме тргна од сон. Некое колење и ржење. Се беше некако пригушено, така да не знаев дали спијам или сум буден. Сепак излегов да видам што е. Вратата на колибата гледаше на запад. Портокаловата топка сеуште беше на небото. Во правец на сонцето седеше моето куче. Муцката му беше цела крвава, а како што беше свртен на страна, портокаловото сонце му светеше низ очите. Како наместо нив да имаше две жарчиња. Се изгледаше така невистинито дотолку повеќе што пред него се наоѓаше куп од се уште врело месо од задавените животни. Веднаш сватив што се случило.

Влегов ладно, мирно во колибата и ја извадив пушката од над вратата и повторно излегов. Ја подигнав лесно пушката, нанишанив во главата, во главата на мојот волк. Тој не се ни помрдна. Како да ја чувствуваше вината што ја прокоцка мојата доверба, кое ја вложив во него. Го повлеков обрачот и тој падна.

За да спасам нешто, што можеше да се спаси, отидов во селото по некој селанец и кола. Помалку ми беше и срам што педходно не ги послушав селаните. Сонцето штотуку заоѓаше кога почнавме да ги товараме лешовите на овците во колата. Можете да замислите колкаво беше моето запрепастување кога помеѓу овците најдов три леша на волк и една волчица. Срцето ми се стегна, а на очите ми навреа солзи. Го убив својот вистински пријател. Се посомневав во звездата на небото.

Од тогаш пројдоа 60 години, а јас таа слика не можам да ја заборавам, како денеска да се случила. Од тогаш некако се повлеков во себе. Зборовите некако нерадо ми излегуваа од устата. Бев многу внимателен. Ми стана многу јасно дека во мојата душа веќе нема место за било какво осудување на било кој.

Цената за тоа беше превисока, а никој не ме праша дали сакам да го купам тоа искуство.

 

(magacin.org)

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You cannot copy content of this page