Објавен Јавен конкурс за доделување 13 ловишта од 8 ловни реони

На 21.12.2020 година се објави јавен повик за давање на користење на дивечот со концесија во дел од ловиштата востановени со Одлуката за востановување на ловишта на територијата на Република С.  Македонија. На овој повик ќе се доделуваат вкупно 13 ловишта од ловните реони Свети Николе, Македонаки Брод, Кавадарци, Кочани, Берово, Делчево и Струга. Воглавном станува збор за доста атрактивни ловишта кои беа одземени од претходните концесионери поради неисполнување на обврските и дадени на присилна концесија на ЈП „Национални шуми“.

Tabela oglas lovista

 

Концесиите на дивечот во ловиштата се доделуват за период од:

  • ситен дивеч: 10 години
  • крупен дивеч: 20 години

Право на учество на јавниот повик за давање под концесија на дивечот во ловиштето имаат сите домашни правни лица како и сите странски правни лица кои имаат регистрирано подружница во нашата држава согласно Законот за трговски друштва, кои ќе подигнат тендерска документација и ќе ги исполнат условите утврдени во тендерската документација.

Во тендерската документација се содржани податоци за ловиштата во кои се доделува дивечот на концесија, површината на ловиштата, времетраењето на концесијата, десетгодишниот износ на концесија утврден согласно со посебната ловностопанска основа за секое ловиште посебно кој е минимален концесиски надоместок и основа за доставување на понуди по јавниот повик и условите кои треба да се исполнат од страна на концесионерот.

Понудувачите задолжително треба да ја достават следнава документација за докажување на личните, професионалните и финансиските услови кои треба да се исполнат за учество на Јавниот повик:

  • Потврда за регистрирана дејност издаден од Централниот регистар на Република С.  Македонија;
  • Информација за економско – финансиска состојба на субјектот издадена од  Централниот регистар на Република С.  Македонија;
  • Уверение за платени даноци и придонеси издаден од Управа за Јавни приходи на Република С.  Македонија;
  • Документ дека над правното лицето не се води постапка за стечај издаден од Централниот регистар на Република С.  Македонија;
  • Документ дека над правното лицето не се води постапка за ликвидација издаден од Централниот регистар на Република С.  Македонија;
  • Документ дека на правното лице не му е изречена казна за кривично дело: Информација за кривична судска одлука издадена од Централниот регистар на Република С.  Македонија;
  • Потврда дека на правното лице не е изречена прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност издадена од Централниот регистар на Република С.  Македонија;
  • Потврда дека на правното лице не е изречена прекршочна санкција привремена забрана за вршење на одделна дејност издадена од Централен регистар на Република С.  Македонија;
  • Изјава на понудувачот заверена на нотар дека во последните 5 години не му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење пари (АНЕКС 4);
  • Изјава на понудувачот (АНЕКС 5) заверена на нотар дека :
    • ќе обезбеди материјално-технички можности за вршење на дејноста ловство, недвижен имот и движен имот (теренски возила, оружје за ловочуварска служба и средства за комуникација);
    • ќе изработи Програма за развојни можности на дивечот под заштита во ловиштето согласно со предвидувањата во Посебната ловностопанска основа за секое ловиште посебно;
    • ќе вработи најмалку едно стручно лице со завршено високо образование или со завршено средно образование од шумарска струка со положен испит по предметот ловство, односно зоологија и систематика на дивечот/ловно стопанство, и
    • ќе формира ловочуварска служба.

Документацијата не треба да биде постара од 6 месеци  од денот на отворањето на Јавниот повик. Само понудите од понудувачите кои се оценети за способни ќе бидат предмет на евалуација.

Рок за подигнување на тендерската документација е најдоцна до 21.01.2021 година, до 10.00 часот. Тендерската документација се подигнува во архивата на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (ул.„Аминта Трети„ бр. 2, 1000 Скопје, Република С.  Македонија) секој работен ден во периодот од 9:00 до 13:00 часот.

За подигнување на Тендерска документација, заинтересираниот понудувач е должен  на  сметката на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство да уплати неповратни средства во висина од 1000,00 (илјада) денари.

Јавното отварање на понудите ќе се одржи на 21.01. 2021 година, Поради запазување на здравствените протоколи, Јавно отварање на понудите ќе се одржи за секој ловен реон посебно, според следниот редослед:

  1. Св.Николе – 10,00 часот
  2. Македонски Брод – 10,30 часот
  3. Кавадарци – 11,00 часот
  4. Неготино – 11,30 часот
  5. Кочани – 12,00 часот
  6. Берово – 12,30 часот
  7. Делчево – 13,00 часот
  8. Струга – 13,30 часот

Отворањето на понудите ќе биде јавно.

 

Електронска аукција

Изборот за најповолна понуда ќе се изврши по пат на Електронска аукција со користење на електронскиот систем на Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство. Почетниот износ за наддавање ќе биде највисокиот понуден износ на надоместокот за концесија на дивечот во ловиштата утврден по јавното отворање на доставените понуди.

 

Покана за учество на аукција

Повеќе информации за начинот на регистрација и користење на системот ќе бидат содржани во поканата за учество на аукцијата која ќе им биде доставена на сите претставници на понудувачите за кои Комисијата по спроведената евалуација ќе утврди дека ги исполнуваат условите за учество во  електронската аукција.

Во поканата за учество на аукцијата меѓу другите, ќе бидат содржани и следниве податоци:

  • почетната цена на аукцијата;
  • датумот и часот на започнување и завршување на аукцијата;
  • интервалот во кој ќе се спроведува позитивното наддавање (минимална и максимална разлика во понудени цени), како и
  • најмалиот износ на цена која може да се понуди како еден чекор во наддавањето.

 

Избор на најповолен понудувач

За најповолен понудувач ќе се смета учесникот на јавното наддавање кој понудил последна цена и која претставува највисока цена за доделување на дивечот во ловиштето на користење по пат на концесија. Електронската аукција ќе се изврши и во случај доколку на истата учествува само еден правен субјект и направи еден чекор во наддавањето над почетната цена.

Во електронската аукција ќе можат да учествуваат сите понудувачи за кои Комисијата за спроведување на постапка за доделување на концесија, при евалуацијата на понудите, ќе утврди дека ги имаат поднесено потребните документи согласно јавниот повик и во тендерската документација.

Критериум според кој ќе се врши изборот на најповолна понуда ќе биде највисок понуден концесиски надоместок понуден на електронска аукција.

Обврските на концесионерот ќе бидат определени во Договорот за концесија на дивечот во ловиштето. Концесионерот ќе биде должен планското стопанисување, односно одгледувањето, заштитата и користењето на дивечот да ги врши во согласност со важечките закони и прописи во С.  Македонија.

 

Право на жалба

Учесниците во постапката ќе имаат право на Жалба. Надлежен орган за решавање по жалби во постапката за доделување на концесија на дивеч е Државната комисија за жалби по јавни набавки. Жалба може да се изјави во рок од десет дена од денот на:

  • објавување на огласот за јавна набавка, во однос на содржината на повикот или тендерската документација;
  • објавување на известувањето за измени и дополнителни информации, во однос на содржината на измените и дополнителните информации;
  • отворање на понудите, во однос на пропуштањето на договорниот орган соодветно да одговори на навремените прашања или барања за појаснување или измени на тендерската документација или
  • прием на одлуката за избор на најповолна понуда или за поништување, во однос на постапката на евалуација и избор на најповолна понуда, или за причините за поништување на постапката.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You cannot copy content of this page