Владата на РС Македонија го додели дивечот на користење по пат на концесија во 43 ловишта од кои 4 ловишта се за крупен дивеч кои се даваат на 20 годишна концесија, а 39 за ситен дивеч кои се доделуваат на 10 годишна концесија.
Ловиштата во кои дивечот се додели по пат на концесија се поделени во 14 ловни реони, односно во ловните реони Скопје, Свети Николе, Кавадарци, Валандово, Гевгелија, Кочани, Виница, Делчево, Гостивар, Демир Хисар, Битола, Охрид, Ресен и Кичево.
Ловството го губи граѓанскиот и рекреативен концепт
При овој конкурс стари ловечки друштва со богата традиција изгубија дел од ловиштата, а се појавија нови правни субјекти во ловството кои успева да се стекнат со ловишта.
Од гледна точка на државата се постигнаа одлични резултати, бидејќи со наддавањето вредноста на ловиштата порасна многу над проценетата. Тоа е секако добра вест за полнење на Буџетот, но неизвесно е дали ловството ќе има бенефит од тие финансиски средства, односно дали дел од истите ќе се вратат во ловството преку субвенции, стимулации, финансиска помош или разни олеснувања и бенифити за концесионерите.
Искуството покажа дека концесионерите со јавното наддавање значително финансиски се оптеретуваат и исцрпуваат, така што се повеќе ловството го губи граѓанскиот и рекреативен концепт, а се повеќе се промовира бизнис концептот. Тоа секако може и негативно да се одрази врз развојот на ловството, бидејќи на ловечките друштва и концесионерите им остануваат се помалку средства кои би ги инвестирале во дивечот и ловиштата.
Покрај тоа тие често се приморани да форсираат максимални квоти за застрел на дивеч, со цел да обезбедат финансии за спроведување на одгледно-заштитните мерки во ловиштата и сервисирање на давачките кон државата, што може да има негативни ефекти врз бројноста на дивечот.
Ловишта кои Владата ги додели на концесија
Во продолжение може да погледнете во кои ловишта со одлуката на Владата на РС Македонија дивечот е доделен на користење по пат на концесија, со име на ловиштето, ловностопанско подрачје, реон и концесионер.
На концесионерите им честитаме на доделената концесија за дивеч во ловиштата и им посакуваме успешна работа.
Реден број | Ловиште број | Име на ловиштето | Концесионер |
Скопско-Кумановско ловностопанско подрачје реон Скопје |
|||
1 | 5 | „Мирковци” | Трговското друштво за лов и траперство СГ ЛОВЕЦ ДООЕЛ Скопје |
2 | 6 | „Црешево” | Друштвото за градежништво, трговија и услуги АДА ПЕТРА ДООЕЛ увоз – извоз с. Р’жаничино Петровец |
3 | 7 | „Бунарџик” | Друштвото за градежништво, трговија и услуги АДА ПЕТРА ДООЕЛ увоз – извоз с. Р’жаничино Петровец |
4 | 8 | „Миладиновци” | Друштвото за обезбедување на имот и лица и деловни услуги ЛАС ВЕГАС ДООЕЛ увоз-извоз с.Р’жаничино Петровец |
5 | 9 | „Градманци” | |
6 | 12 | „Зелениково” | Здружението на граѓани ловечко друштво ЛД Еребица 2015 Скопје |
7 | 15 | „Рамниште” | Здружението на ловци Жеден Скопје |
8 | 16 | „Жеден“ | |
9 | 17 | „Кучково“ | |
Средно – Вардарско ловностопанско подрачје реон Свети Николе |
|||
10 | 7 | „Кишино“ | Друштвото за производство, трговија и услуги Готас-Хромак Хантинг ДОО Куманово |
11 | 8 | „Џумајлија“ | Здружението ловечко друштво ЕРЕБИЦА Свети Николе |
Долно -Вардарско ловностопанско подрачје реон Кавадарци |
|||
12 | 6 | „Дреново“ | Здружението за одржливо управување со природни ресурси ТИКВЕШИЈА Кавадарци |
13 | 7 | „Росоман“ | |
14 | 11 | „Чемерско“ | |
15 | 8 | „Марена“ | Здружението на граѓани ловечко друштво ТИКВЕШ Кавадарци |
реон Валандово |
|||
16 | 3 | „Честово“ |
Ловечкото друштво ОРЕЛ Валандово |
17 | 4 | „Пирава“ | |
реон Гевгелија |
|||
18 | 7 | „Мрзенци“ | Здружението на граѓани ловечко друштво ОРЕЛ – Гевгелија |
19 | 8 | „Погана | Друштвото за производство, трговија и услуги ИНТЕР ГУМА ТРЕЈД ДОО Скопје |
20 | 9 | „Стојаково“ | |
Брегалничко ловностопанско подрачје реон Кочани |
|||
21 | 4 | „Соколарци “ |
Друштвото за производство, трговија и услуги ЛУПУС ГРУП ДОО с. Грдовци |
реон Виница |
|||
22 | 3 | „Драгобраште“ |
Ловечкото здружение БЕЛ КАМЕН-Виница |
23 | 4 | „Виница“ | |
Влаинско – Малешевско ловностопанско подрачје реон Делчево |
|||
24 | 7 | „Тработивиште“ |
Ловечкото здружение ОСТРЕЦ Делчево |
Полошко ловностопанско подрачје реон Гостивар |
|||
25 | 2 | „ Симници“ | Трговското друштво за лов и траперство СГ ЛОВЕЦ ДООЕЛ Скопје |
26 | 6 | „Балин Дол“ | Друштвото за производство, трговија, угостителство, сообраќај, градежништво и услуги ЕБРАР АДЕМИ ДООЕЛ Гостивар |
Пелагониско ловностопанско подрачје реон Демир Хисар |
|||
27 | 1 | „Базерник“ | Друштвото за производство, трговија и услуги САФАРИ ХАНТИНГ ДООЕЛ увоз извоз Битола |
28 | 2 | „Лесково“ | |
29 | 3 | „Журче“ | |
30 | 4 | „Прибилци“ | Здружението на ловци ХАНТИНГ РИС 2022 ДЕМИР ХИСАР |
реон Битола |
|||
31 | 5 | „Старавина“ | Друштвото за внатрешна и надворешна трговија Еуроимпекс ДОО увоз-извоз Скопје |
32 | 6 | „Ивени“ | Здружението на ловци Сокол Битола |
33 | 7 | „Добровени“ | Здружението на ловци Бабин заб Битола |
34 | 8 | „Врањевци“ | Ловното друштво Рис 2021 Битола |
35 | 14 | „Лознани“ | |
36 | 15 | „Добрушево“ | |
37 | 17 | „Мегленци“ | |
Охридско – Преспанско ловностопанско подрачје реон Охрид |
|||
38 | 5 | „Косел” |
Здружението на ловците Охрид |
39 | 6 | „Мешеишта” | |
40 | 7 | „Белчишта” | |
реон Ресен |
|||
41 | 5 | „Езерани” |
Здружението на ловци Преспа – Ресен |
Кичевско-Бродско ловностопанско подрачје реон Кичево |
|||
42 | 9 | „Цер” | Ловечкото друштво Лубен Битола |
43 | 8 | „Стрелци” | Здружението на ловци ловечко друштво Еко-фазан Осломеј |