Најчести причини за откачување на рибата при риболов

 

Јасно е во риболовот дека покрај знаењето и вештините, треба да се има и малку среќа. Освен околностите кои овозможиле средба помеѓу грабливците и мамците, борбата зависи и од контрата, до прифаќањето на уловот за да биде успешно завршена. Нема таков рибар кој ги извадил сите риби кои се закачиле, иако има такви кои тврдат дека ниту една риба не им се откачила. Тешко е да се признае сопствената грешка, но дури и кога не грешиме постојат работи врз кои не можеме да влијаеме. Ако откачувањето е често и поголемо од 10% од резлизираните убоди, тогаш би требало да анализираме барем пет најчести причини за тоа.

 

Најчести причини за откачување на рибата при риболов

 

Исправена јадица

Плитко забодената јадица во виличната коска е чест случај на кој рибарот нема можност да влијае. Откачувањето е најчест резултат и покрај вештината и добро одбранта опрема. Дури и добро наострена кованица, под моментот кој делува на свитканиот дел на јадицата, тежнее да се исправи, го менува аголот на убодот, така што острицата под тие услови не продира, туку ја гребе коската и ткивото, што резултира со откачување. Исправувањето често не се гледа на јадицата, бидејќи се се случило во опсегот на еластични дефомрации. Исклучок се жичените јадици, кои пластично се деформираат, така да често се спасува мамецот, но и рибата.

 

Скинат конец

На карпестите терени, но и на сите останати места со полно препреки, потребно е често контролирање на барем еден метар конец над мамецот. Со пропуштањето на конецот помеѓу палецот и показалецот лесно ќе се почувствуаат оштетените делови кои треба да се отстранат. Острите камења, а посебно школките го засекуваат конецот, што е причина за кинење на конецот и тоа кога најмалку очекуваме.

 

Побегнала во гранките

На најдобрите места најчесто се прават најголемите грешки. Добро избран, јак и соодветен прибор и во најтепките услови овозможува безкомпромисни решенија, но…Брзата борба бара добра припрема, при што однапред се одредува можниот тек на борбата, местото на нападот, просторот, како и најпогодниот начин и место за прифаќање на уловот. Рибата го казнува секое предомислување и беспотребно попуштање. Посебно големите…и посебно штуката.

 

Се откачила на брегот

Лошо закачената риба често може да се откачи на самиот брег, бидејќи еластичноста на конецот тогаш е најмала, а искористеноста на еластичноста на стапот е недоволна поради лошиот агол кој го прави конецот во однос на основата на стапот. Сепак, најчесто откачување при брегот се случува поради доведување на одморена риба во плиткото, или пак неправилно прифаќање.

 

Се откачила после неколку секунди

Во овој случај најголемиот пропуст е неблаговремена контра. Тоа е всушност процес кој трае. Самото подигнување на стапот и елиминирањето на вишокот конец делува како движење, но всушност троши време. А кога има малку време се знае дека се доцни. Брзината на реагирање е индивидуална работа, па тука не може да се променат многу работи.

 

Да резимираме:

  1. неправилен избор на опрема, односно опрема неприлагодена на условите на риболовот
  2. Неподесеност на опремата
  3. Стара опрема
  4. Неосмилен начин на риболов
  5. Неправилна употреба на опремата
  6. Задоцнета контра
  7. Недоволно заморување таму каде е потребно, или премногу неконтролирано попуштање
  8. Неенергично доведување во случаи кога е тоа потребно, или непотребно форсирање и доведување на одморена риба во плиткото
  9. Двоумење кај прифаќањето, или некористење на кука
  10. Убод во лошо место

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.

You cannot copy content of this page