На 1 мај се отвора ловната сезона на срндак

На 1-ви мај започнува селективниот и трофеен лов на срндаци во С. Македонија. Срнскиот дивеч во нашата држаа спаѓа во категорија дивеч под заштита кој е заштитен со ловостој. Ловната сезона за селективен и трофеен лов на срндаци во нашата држава започнува на 1 мај и ќе трае до 30 септември 2020 година, односно ловостојот трае од 1 октомври до 31 април (Закон за ловството).

При ловот треба да се внимава бидејќи ловната сезона за срндакот и за срната не е иста. За ралика од срндакот, за срната ловната сезона започнува од 1 октомври и трае до 31 јануари, односно ловостојот започнува од 1 фебруари и трае до 31 септември (Закон за ловството). Ако некој ловџија при лов кај срнскиот дивеч ги помеша половите, ризикува да се соочи со глоба од 1.500 до 3.000 евра во денарска противвредност, додека концесионерот од 6.000 до 8.000 евра.

Lov srndak

Едно од најдобрите ловишта во С. Македонија за срндак „Караорман“

 

Срните (Capreolus capreolus) се средно големи тревопасни животни од средна големина. Тие се широко распространети во нашата држава. Само машки примероци имаат коскени израстоци на главата роговје, кои кај овој вид на дивеч се кратки и исправени. Во зима, мажјаците ги губат роговјето, но напролет за новата сезона на парење повторно им растат. Како што почнуваат да растат, новото роговје е покриено со слој на тенка кожа полна со крвни садови, што постепено исчезнува со престанок на циркулацијата на крвта. Телото е црвеникаво, а деловите на лицето се сиви. Бојата на телото варира од сезона во сезона, златно-црвеникава во лето, но во зима потемнува до кафеава, па дури и црна со посветли области на стомакот.

Срната е релативно мала во однос на другите членови на фамилијата Cervidae. Должина на телото и е од 95 до 135 см, ширина во предните страни 65 – 75 см и вкупна тежина помеѓу 15 и 30 кг. Опашката е кратка (2 – 3 см), едвај забележлива. Првиот и вториот рог не се разгранети, меѓу 5 и 12 см, додека кај возрасните срндаци достигнуваат од 20 до 25 см, што често завршуваат на два или три, ретко четири врвови.

Селективниот застрел е главна одгледна ловно-стопанска мерка и се спроведува за сите видови на крупен дивеч кои може да се ловат во нашата држава – обичен елен, елен лопатар, срна, дива свиња и дивокоза. Со тоа се подобрува квалитетот на дивечот – генетски, надворешно, трофејно и здравствено, а со тоа воедно се создава и оптимална возрасна и полова структура на популациите за одделни видови. Целите на селективниот застел се следниве:

– Да се достигнат и одржат нормални матични фондови на дивечот со соодветна полова и возрасна структура на популациите.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You cannot copy content of this page