Мониторингот на инвазивните животински видови е од витално значење за контролата, управувањето и задржувањето на инвазивните видови низ Европа. Дигиталните алатки како што се мобилните апликации имаат клучна улога со помош на граѓаните за да се идентификуваат трендовите во растот на популациите и ширењето низ локални, национални и меѓународни животни средини.
Во моментов има 37 инвазивни животински видови кои се закануваат на биолошката разновидност на Европа. За борба против овие бројни закани има потреба од податоци, факти и меѓународна соработка. Податоците што може да се соберат и да се проверат со помош на граѓаните, може да бидат од витално значење за идентификување и борба против експанзијата на инвазивните животински видови.
Во ЕУ предложени се неколку решенија на национално и европско ниво за да се обидат да се соберат овие податоци.
Апликација IAS Europe
Апликацијата „Invasive Alien Species Europe“ (IAS) која беше лансирана во 2017 година со задача да собира и споделува податоци, како и да ги едуцира граѓаните, беше развиена од Заедничкиот комитет за истражување на Европската комисија. Нивната амбициозната цел е да се наполни мапата со податоци и да се информира, се бореше да добие афирмација поради недостигот на повратни информации од корисниците и употреба кај широките народни маси, како и кај луѓето кои секојдневните активности ги извршуваат во природата. Во комбинација со сложеноста на интеграцијата во базата на податоци EASIN, како и тешкотијата за користење лаици, сериозно го ограничуваат потенцијалот за прецизно собирање податоци и следење на заканите.
Апликација MyHunt
Апликацијата MyHunt (Jagdgefährte во земјите од германско говорно подрачје и MyFieldsports во UК), чиј партнер и покровител е FACE, е изработена во 2018 година и оттогаш има собрано над 350.000 извештаи за евидентирање на уловен на дивеч во Европа и секојденевно значително ја зголемува оваа база на податоци, при тоа градејќи професионална контролна табла за партнерите, владини и истражувачки институции кои може да ги искористат овие податоци за истражувачки цели. Ракувањето со овие податоци е целосно усогласено со GDPR регулативата и се собираат само со претходна согласност на корисниците за да се користат за други цели.
Придобивката од оваа апликација која ја има во однос на другите решенија, без разлика дали се локални или национални посветени на следење на инвазивните видови, е тоа што корисничката база на апликацијата веќе се користи за собирање информации и видувања на дивиот свет и за да се информира за нивниот секојдневниот живот и активности во природата. Покрај тоа, собирањето на податоци е лесно за корисниците, интуитивно и лесно. Над половина милион корисници во Европа кои ја преземале апликацијата, можат да добијат престава за важноста на контролата на инвазивните видови, локалните регулативи и информации, како и редовни известувања за потврдено присуство на видови во нивната област.
Досега се регистрирани илјадици евидентирања на ракуни, верверички и други инвазивни видови. Нивната амбиција е да ја прошират оваа програма на други видови и да ги понудат овие податоци бесплатно на релевантните национални организации и европски институции, како и да се обезбеди долгорочна поддршка и развој на оваа вредна алатка за зачувување на природата, дивиот свет и управувањето со земјиштето и е значаен чекор напред кон заштитата на европската биолошка разновидност.