Мерки на сигурност при употреба на сачмарка

 

  1. Со секое оружје ракувајте како да е наполнето

Тоа е најважно правило. Ако некој ви пружи оружје за да го погледнетеи ви каже дека не е наполнето, не го земајте тоа здраво за готово. Проверете сами. Тоа може да ве спаси од несреќа.

  1. Никогаш не играјте со оружје

Огненото оружје можеби технички е интересно и естетски убаво но може да биде многу опасно. Тоа заслужува почитување и внимателно ракување. Сигурно не е играчка.

  1. Цевката секогаш свртете ја во сигурен правец

Никогаш не ја вртете во правец во кој што не сакате да пукате. Никогаш немојте наоколу да мафтате со оружје.

  1. Држете ги прстите подалеку од механизмот за повлекување (орозот)

и користете кочница, дури и кога сте сигурни дека оружјето не е наполнето. Прстот ставете го на орозот само ако оружјето е вперено во саканата мета.

  1. Вежбајте полнење и празнење

новото оружје на сигурно место, се додека кај него целосно не ја совладате таа вештина.

  1. Никогаш не го оставајте оружјето без надзор, наполнето или празно

Тоа е многу важно, особено ако имате деца. Децата сакаат да ги имитираат возрасните, и можат да си играат со вашето оружје пред вие тоа да го дознаете.

  1. Чувајте го оружјето и муницијата одвоено и недостапно за деца

било од ваши или туѓи. Заклучувајте го своето оружје и муниција на сигурно место. Со тоа ќе оневозможите провалникот лесно да дојде до наполнето оружје.

  1. Никогаш не комбинирјте гаѓање и алкохол

или уште полошо дрога во било кој облик или јаки лекови (најпрво прочитајте го упатството за лек). Алкохолот и дрогата ќе ви сметаат на вашата способност за внимание, проценка и однесување. Испијте го своето пиво или омилен пијалак после гаѓањето од кога ќе го испразните и ќе сместите на сигурно оружјето. И секако после гаѓањето треба да одите дома, немојте да пиете и возите!

  1. Редовно чистете го своето оружје

Пред чистењето оружје проверете дали е наполнето. Ако имате намера да го користите оружјето после долго време, бидете сигурни дека цевката не е блокирана, на пример парче крпа за чистење. Ако тоа се случи после првиот истрел ќе ви треба ново оружје.

  1. За време на гаѓање не ги прескокнувајте и не им приоѓајте на препреките

Ако е потребно да се прејде препрека не е доволно само да се закочи оружјето. Секогаш прекршете го и испразнете ја пушката. Тоа не само што е најсигурно, туку и кај останатите ловци остава чуство на сигурност.

  1. Секогаш носете заштитник за уши и заштитни наочари

Приличен број незгоди се случуваат поради технички недостатоци на оружјето или муницијата на самиот срелец или на тој до него. Заштитете ги очите од честички барут и барутни гасови како и исфлени чаури.

  1. Укажете им на пријателите ловци на мерките за сигурност

Почетниците никогаш нема да научат ако никој не им покаже како треба да прават. Пробајте пристојно да објасните како правилно се користи оружјето. Дури и искусни стрелци можат да погрешат. Избегнувајте друштво од оние кои мислат дека знаат се и кои мислат дека знаат најдобро. Таквите луѓе се потенцијален извор на опасност.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You cannot copy content of this page