Македонија доби 33 сертифицирани оценувачи на ловечки трофеи

 

На 28-29 февруари 2020 година, во просториите на Ловечката Федерација на Македонија во Скопје се одржа обука за сертификација на оценувачи на ловечки трофеи, со што се заокружи доста активната недела на федерацијата. Во таа прилика, со Сертификати за оценувачи се стекнаа 33 оценувачи од нашата држава. Според Ловечката Федерација на Македонија, тоа би требало да биде прв чекор за наскоро да се организира изложба на домашни трофеи,која ќе биде прва изложба после последната одржана во 1981 година!

Тренингот го спроведуваа еминентни судии од Светската организација за ловство ЦИЦ, а за учество во него секој партиципант требаше да издвои по околу 200 евра. Според тоа, ова беше добра прилика Ловечката Федерација на Македонија да ја пополни својата каса и испробан рецепт кој би можеле да го практикуваат и во иднина.

Obuka CIC lovecka federacija makedonija

Се разбира дека ова е добар потег кој би требало да воведе ред во евиденцијата и отворање на регистар за ловечки трофеи, бидејќи сега речиси и да нема никаква евиденција за трофеите кои се одстрелуваат или изнесуваат од нашата држава. Ваквите тренизи и обуки можат да допринесат ловството во нашата држава да се подигне на едно повисоко ниво, бидејќи ловот е спорт во кој трофејот би требало да е највредното нешто, а не месото од дивечот.

Добро е што можеби конечно Ловечката Федерација на Македонија свати дека треба да ги засука ракавите и нешто и да им понуди на ловците и концесионерите, а не само да бара од нив. Силна и влијателна Ловечката Федерација можеме да имаме само ако со своите активности и дела се наметне како сериозна институција, која ќе биде сервис на ловците и конесионерите од нашата држава и ќе ги решава нивните проблеми.

Останува да ја пофалиме Ловечката Федерација на Македонија за овој потег и да им посакаме на уште многу вакви успешни проекти, а на сертифицираните оценувачи на ловечки трофеи да им посакаме да не им биде залуден трудот и почесто да ги користат стекнатите сертификати и вештини.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You cannot copy content of this page