Ловностопански подрачја

 

Територијата на Република Македонија, заради сличностите на еколошките, географските и одредени други специфичности што се карактеристични за одделни нејзини делови, е поделена на 11 ловностопански подрачја.

При одредување на ловностопанските подрачја, поради јасно изразените гравитациони карактеристики на општионските граници, земени се во предвид границите на поранешните општини. Со вака утврдените граници, ловностопански подрачја претставуваат посебни ловностопански целини.

При именување на овие подрачја користени се називите што се карактеристични за тој простор. Така, ловностопанки подрачја во Република Македонија, како и поголеми населени места кои влегуваат во тие подраја се следниве: 

1. Пелагониско ловностопанско подрачје;

– Прилеп, Битола, Демир Хисар и Крушево. 

2. Охридско-Преспанско ловностопанско подрачје;

– Ресен, Охрид, Струга и Дебар.

3. Кичевско-Бродско ловностопанско подрачје;

– Кичево и Македонски Брод.

4. Полошко ловностопанско подрачје;

– Гостивар и Тетово. 

5. Скопско-Кумановско ловностопанско подрачје;

– Скопје и Куманово.

6. Средно-Вардарско ловностопанско подрачје;

– Велес и Свети Николе.

7. Криворечко ловностопанско подрачје;

– Кратово и Крива Паланка.

8. Брегалничко ловностопанско подрачје;

– Кочани, Виница, Пробиштип и Штип.

9. Влаинско-Малешевско ловностопанско подрачје;

– Делчево и Берово.

10. Струмичко ловностопанско подрачје;

– Радовиш и Струмица. 

11. Долно-Вардарско ловностопанско подрачје;

– Кавадарци, Неготино, Валандово и Гевгелија.

Во рамките на овие 11 ловностопански подрачја со одлука на Влада востановени се вкупно 255 ловишта, со кои стопанисуваат разни домашни и странски правни лица кои ги исполнуваат условите предвидени со Законот за ловството и Законот за концесии и други видови на јавно приватно партнерство.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

You cannot copy content of this page